10 здравствени нарушувања кои лекарите можат да ги намирисаат
Најточни резултати за поставување дијагноза се добиваат со лабораториски анализи, но некои специфични миризби од телото можат да ги наведат докторите да побараат конкретно испитување за одредена болест. Секако, овој метод не е доволен за да се постави сигурна дијагноза, но се покажало дека некои болести предизвикуваат промени на и во телото кои се манифестираат со карактеристичен мирис.
Зошто болестите мирисаат?
Секое заболување ја нарушува правилната работа во телото и предизвикува различни биохемиски и физиолошки процеси, поради кои во организмот се создаваат одредени соединенија кои потоа може да се испуштаат преку здивот, урината и потта.
Можна ли е дијагноза преку телесен мирис?
Многу истражувачи и доктори работат на тоа да развијат систем преку кој ќе прават анализи врз основа на мирисот на телото. Постојат наводи дека телесниот мирис може да содржи маркери за рак, дијабетес или меланома, но се работи на тоа да може да се откриваат и болести на бубрезите и други здравствени нарушувања.
Сепак, постојат болести и нарушувања кои предизвикуваат специфичен мирис на телото и кои може со сигурност да се детектираат со самото доближување до личноста.
1. Прееклампсија
Високиот притисок што се појавува кај трудниците е ран знак за ризик за смртоносна еклампсија. Најчесто може да се препознае преку мирисот на воздухот кој трудницата го издишува. Постојат и медицински апарати во кои се издишува директно и преку кои се анализира дали има нешто во издишаниот воздух.
2. Рак на бели дробови
Секој вид рак прави промени во телото кои може целосно да го сменат телесниот мирис. Една израелска компанија има развиено апарат кој со 90% точност дијагностицира рак на белите дробови со едноставно издишување во него. Истиот апарат може да се користи и за Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, проблеми со бубрези и Кронова болест, но точноста е нешто помала.
3. Неправилна работа на бубрезите
Во вакви случаи, во здивот, урината и потта може да се забележи присуство на мирис на амонијак, поради неправилното филтрирање на течностите во телото. Дури и при најмал знак потребно е да се посети лекар, за да се спречи да настане поголема штета.
4. Неправилна работа на црниот дроб
Кога црниот дроб не работи правилно, тогаш не сте прочистени од сите отрови во телото, кои освен што се таложат околу органите, прават да мирисате на свежа риба.
5. Мултиплекс склероза
Оваа автоимуна болест се манифестира така што телото само го напаѓа нервниот систем, што може да предизвика симптоми како слабост, трнење, заматен вид или проблеми со одот. Мултиплекс склерозата, исто така, предизвикува и специфичен мирис на здивот, што се детектира преку апаратите за регистрирање маркери во издишан воздух.
6. Инфекциски настинки
Покрај видливите знаци како отечени очни капаци и вцрвенет нос, настинатите луѓе имаат поинаков телесен мирис, особено поради количините парацетамол и слични лекови, со кои се обидуваат да ги олеснат симптомите.
7. Дијабетес
Сигурно често сте слушале дека дијабетичарите мирисаат на ацетон или на ферментирано овошје. Тоа се случува бидејќи нема доволно инсулин за согорување на јаглехидратите, па телото почнува да користи од мастите како гориво. Овој процес е познат како кетоза и може да биде опасен доколку дијабетесот не се открие навреме.
8. Мононуклеоза
Болеста на бакнежите погодува над 90% од светската популација, а киселкастиот мирис во здивот е еден од првите знаци за нејзиното постоење.
9. Триметиламинурија
Ова нарушување е познато и како синдром на мирис на риба. Болеста е доста ретка, а настанува кога лицето не може да свари одредени видови храна како што се јајцата, џигерот, рибата, мешунките и некои видови зеленчук. Овие видови храна доаѓаат во цревата недоволно сварени, а мирисот од тој процес може да се најде и во потта и во плунката. Понекогаш овој мирис може да биде премногу интензивен и да предизвика непријатни социјални ситуации.
10. Психички нарушувања
Кај шизофренијата и уште неколку други типови психоза може да се забележи специфичен непријатен мирис кај болните. Делумна причина за ова се хемиските процеси во телото, но исто така голема улога игра и намалената хигиена, што е честа појава во потешките денови.
Прочитајте што се случува со вашето тело кога нема да се истуширате два дена.