5 најчести причини за каење и најдобрите начини за да се надминат
Секој жив човек некогаш направил некоја грешка или постапил на начин кој се чинел соодветен, но подоцна се покајал и зажалил за истото. Некогаш каењето е толку големо, што може да го прекине сонот и да ја уништи ноќта со претерано размислување за можните исходи ако не се постапило правилно. Исто така, се обидуваме и да го надминеме тоа, но на некој начин, каењето останува залепено за нас.
Погледнете кои се најчестите причини за каење, за да можете полесно да ги надминете лошите моменти.
1. Премолчување
Сите кои биле цел на критика, невкусни шеги или озборување, понекогаш премолчеле затоа што во тој момент не се сетиле да кажат нешто со кое ќе се одбранат. Често, во вакви ситуации дури и мозокот изневерува, бидејќи се блокира и не може да смисли соодветна повратна реченица. Најлошото е што по само неколку минути може да ни текне совршен одговор, но веќе вистинскиот момент поминал.
2. Лажење
Секојдневно кажуваме дури и најситни лаги, што речиси не сме ни свесни дека го правиме тоа. Да се биде искрен цело време е навистина тешко, а вистината може и да повреди нечии чувства. Вината се појавува кога ќе станеме свесни за кажаната лага, а колку поголема била лагата, толку поболно гризе совеста.
3. Мала грешка со голема последица
Човечки е да се згреши, но некогаш се случува ситна грешка да предизвика последици за кои треба да се вложи многу труд за да се поправат. Подоцна може да се случи да си го вртите филмот во глава и да сфатите дека можело и поинаку, но штетата е веќе направена и не треба да се заморувате со размислување за грешката.
4. Изгубено и никогаш најдено
Сите сме изгубиле некој предмет, во некој момент во животот. Додека сме ученици губиме училиштен прибор, а понатаму може да се случи да изгубиме или уништиме предмети од голема важност. Обидете се да не мислите на тие неповратно исчезнати предмети, за да го избегнете чувството на каење што не сте биле повнимателни.
5. Безбедно одиграна ситуација
Понекогаш имаме можност да изгледаме помалку виновни во некоја ситуација, па ја користиме за да сносиме помали последици, било да се работи на професионален план или во односите со луѓето. Иако ова може да влијае на вас и на вашата психа, мора да си помогнете за да ги надминете вината и каењето.
Како да го направите тоа?
Секако, не постои точен процес со кој веќе нема да имате ниту чувство на вина, ниту каење, ниту грижа на совест и многу е веројатно дека овие грешки ќе ве прогонуваат доживотно. Сепак, возможно е да се намали интензитетот на епизодите на каење со тоа што ќе се соочите со грешките (или со луѓето на кои сте им згрешиле) и ќе се обидете да ги средите нештата. Не блокирајте ги чувствата, туку напротив, пуштете ги да ве обземат целосно еднаш или двапати, наместо да ги блокирате и тие потсвесно да ја уништуваат вашата психа. Простете и побарајте да ви биде простено. Ако односите се веќе сериозно нарушени, не очекувајте да се вратат во првобитната состојба, но самата прошка носи некаков мир и го олеснува емотивниот багаж на вашиот грб.
За крај, наместо да се обидувате да ја смените ситуацијата, прилагодете се на неа каква што е во моментот. На овој начин ќе избегнете влегување во нови грешки, кои подоцна можат да ви предизвикаат уште поголеми каења. Соочете се со себе, со своето чувство на вина и не дозволувајте да тапкате во место поради тоа. Вреди да се обидете да продолжите понатаму!
Во меѓувреме, прочитајте нешто повеќе и за самиот процес на каење.