11 настани што не се вистинити иако се прикажани во филмови базирани на вистински приказни

11 настани што не се вистинити иако се прикажани во филмови базирани на вистински приказни

За да се сними филм базиран на вистинска приказна, режисерите честопати мораат добро да ги истражат фактите, а тоа најчесто им одзема многу време. Но, честопати се случува вистинските настани да бидат променети, некои ликови да бидат избришани и некои факти да останат некажани. Овие 11 филмови се базираат на вистински настани, но режисерите намерно ја промениле реалноста. Прочитајте за кои филмови станува збор…

1. „Фати ме ако можеш“ (Catch Me If You Can)

11 настани што не се вистинити иако се прикажани во филмови базирани на вистински приказни

Ова е приказната за генијалниот криминалец Френк Абегнејл кој фалсификувал документи. Најдобрите детективи од ФБИ се обидувале да го фатат Френк, но тој секогаш бил еден чекор пред нив.

  • Вистинскиот Френк Абегнејл не го видел татко си откако побегнал од дома. Стивен Спилберг намерно го променил овој факт. Режисерот мислел дека важно е да се прикаже врската помеѓу таткото и синот кога Френк се обидувал да го направи татко му горд на него. На вистинскиот Френк му се допаднала оваа идеја и го поддржал режисерот.
  • Кога Абегнејл бил во затвор, тој успеал да ги украде и фалсификува неговите документи. Тој се преправал дека е таен ФБИ агент. Тоа му помогнало да ја придобие довербата на управителот на затворот од каде што Абегнејл избегал со изговор дека треба да се сретне со друг агент од ФБИ. Спилберг одлучил да не го вклучи овој настан во филмот. Можеби не сакал да ја сруши сликата за ФБИ која и онака изгледала доволно лошо по случајот на Абегнејл.

2. „Терминал“ (Terminal)

11 настани што не се вистинити иако се прикажани во филмови базирани на вистински приказни

Во филмот се работи за човек од Источна Европа, Виктор Наворски, кој заглавува на терминалот на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк откако нема да му биде дозволен влез во САД, а не може да се врати во неговата родена земја поради воен удар.

  • Филмот се базира на приказната за иранскиот бегалец Мехран Карими Насери. Тој бил протеран од неговата земја поради тоа што одржувал политички говори против владата. Документите на човекот биле украдени на аеродром во Париз и морал да помине 18 години живеејќи на терминалот.
  • Откако документите му биле вратени, Мехран не сакал да го напушти аеродромот. Но, во 2006 година, тој бил однесен во болница. Откако бил отпуштен од болница, Мехран живеел во хотел во близина на аеродромот и подоцна купил стан во Париз. Во филмот, ликот добива еднодневна американска виза и војната во неговата земја завршува, па затоа се враќа дома.

3. „Недопирливите“ (The Untouchables)

11 настани што не се вистинити иако се прикажани во филмови базирани на вистински приказни

Станува збор за комедија-драма во која се работи за пријателството помеѓу Фелипе, кој е во инвалидска количка, и неговиот помошник Дрис, поранешен затвореник.

  • Ликот на Дрис е базиран на Арап од Алжир, Абдел Селоу, кој морал да ги напушти родителите кога имал 4 години и да се пресели во Франција за да живее со неговите роднини. Кога имал 23 години, тој нашол работа како негувател на богатиот Фелипе.
  • Режисерот на филмот одлучил да не спомнува некои од работите што Абдел ги направил во реалноста. На пример, кога внукот на Фелипе наполнил 18 години, Абдел поканил стриптизерка на забавата. Фелипе бил бесен.
  • Абдел ја користел колекцијата на автомобили на Фелипе и еднаш го удрил неговиот Јагуар. Сѐ што останало од колата биле клучевите.
  • Селоу самиот има кажано дека не личи на глумецот од филмот. За разлика од Омар Сај, тој е силен човек кој многу лошо танцува.

4. „Еди Орелот“ (Eddie the Eagle)

11 настани што не се вистинити иако се прикажани во филмови базирани на вистински приказни

Поуката на оваа приказна е да ги следите вашите соништа без оглед на сѐ. Еди Еванс е британски скијач. Уште кога имал 10 години, тој сонувал да учествува на Зимските Олимписки игри. Но, многу луѓе не го разбирале, одборот на Олимпијадата не го поддржувал и тој ги освојувал само последните места на сите натпревари.

  • Вистинскиот Еди Еванс е првиот човек од Велика Британија кој учествувал во скијачките скокови на Зимската Олимпијада. За разлика од ликот, Еди имал малку искуство: Тој скокал како каскадер преку автомобили и автобуси и скијал на планини.
  • Еди имал помала сестра на која ја донирал неговата коскена срж.
  • Тој поминал некое време во финската психијатриска болница, бидејќи немал каде да живее. Во болницата дознал дека е квалификуван за Олимписките игри.

5. „Хачико: Кучешка приказна“ (Hachi: A Dog’s Tale)

11 настани што не се вистинити иако се прикажани во филмови базирани на вистински приказни

Универзитетски професор  нашол слатко куче од расата Акита Ину. Кучето го следело човекот до железничката станица секое утро и го пречекувало на истото место секоја вечер. Но, еднаш, професорот не се вратил.

  • Приказната за верното куче Хачико всушност се случила во Јапонија. Професор по земјоделство добил за подарок кученце од расата Акита Ину кое го крстил Хачико што значи „8-ми“. Професорот веќе имал 7 кучиња, а Хачико било осмото.
  • Хачико има споменик кој бил направен уште додека Хачико бил жив. Јапонците биле трогнати од приказната за кучето што по неговата смрт во земјата бил прогласен ден на жалост.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар