Зошто жените се породуваат во легната положба?
Постојат многу предности кај породувањето со клечење или стоење на сите четири, наместо лежејќи на грб. Рендгенските снимки покажале дека карлицата е многу поширока кога жената клечи или кога е застаната на дланките и колената, а ова би го скратило и времето на породување.
Доказите покажуваат дека лежењето на грб само го одложува породувањето и ги забавува контракциите, но поголемиот дел од жените сепак се породуваат на овој начин. Па, како дошло до ова?
Причината е перверзен крал од 17-тиот век во Франција кој сакал да ги гледа своите сопруги како се породуваат на овој начин. Оваа позиција била проширена низ западната култура во последните 200 години, а главен виновник е кралот Луј XIV.
„До неговото владеење, според пишаната историја, жените се породувале исправено“, изјавил професор Лорен Дандис.
Кралот Луј имал 22 деца во текот на неговиот живот (1638-1715). Како крал, имал добра причина да биде татко на многу деца бидејќи му требало сигурен наследник на тронот. Но, наводно тој сакал и да гледа како неговите жени и љубовници се породуваат.
Луј уживал во породувањата, но бил фрустриран бидејќи столот за породување му го попречувал видикот. Поради ова, тој промовирал нова позиција. Според експертите, тој сакал да ги гледа породувањата од „перверзни“ причини. Широките масите биле под влијание на кралот кој активно ја промовирал новата позиција што потоа почнала брзо да се шири.
„Ефектот на кралот е непознато, но неговото однесување сигурно имало влијание кај народот. Луј сакал промена и тоа се случило.“
Оттогаш легната положба за породување доминира, и покрај нејзините недостатоци. Се користи и денес во речиси сите култури, и сè поради еден морничав воајер кој сакал да гледа.
Прочитајте ги и овие неверојатни породилни приказни што ја обележаа минатата година.