6 митови во кои веќе е срамота да верувате
Научниците напорно се обидуваат да побијат многу научни митови. Сепак, медиумите и филмовите постојано ги прават актуелни. Луѓето веруваат во нив без да направат никакво истражување, и овде настануваат заблуди. Време да престанете да верувате во овие митови бидејќи науката одамна ги побила.
1. Не постои ХИВ
ХИВ (кратенката потекнува од англискиот поим Human Immunodeficiency Virus) се однесува на ретровирус кој постои во големо количество и разни варијанти. Многу животни ги имаат овие ретровируси, а ХИВ е првиот кој е забележан меѓу луѓето. Една од Нобеловите награди е доделена за опишување и откривање на ХИВ вирусот.
2. Нашиот мозок користи само 10% од капацитетот
Нашиот мозок работи различно во зависност од активноста која ја извршуваме. Кога читаме работи еден дел, кога се бакнуваме работи друг дел од мозокот… Една личност не може да вози автомобил, да свири гитара и да скија во исто време. Токму поради ова не можеме да ја мериме мозочната активност на скала до 100%.
3. Продуктите кои содржат ГМО се опасни
Сите трансгенетски растенија подлежат на експерименти за безбедност, како што е интеракција со опкружувањето и влијанието на човечкото здравје. Се одбира најдобриот генотип од илјадници други можности. Ова може да се нарече и „вештачка селекција“.
4. Глобалното затоплување е лага
Од 1905 година, просечната температура на Земјата е зголемена за 0.86 степени Целзиусови. Оваа промена е огромна, иако не изгледа така. Ако емисијата на стакленички гасови не се намали, температурата би се зголемила за 2 степени до 2040 година, односно за 4-5 степени Целзиусови до 2100 година. Ова зголемување речиси сигурно ќе го промени климатскиот систем на Земјата.
5. Помалку ќе се намокрите ако трчате на дожд
Според овој мит, ако ве фати дожд, а немате чадор би требало да трчате бидејќи побрзо ќе се тргнете од дождот и ќе бидете помалку намокрени. Но, еден експеримент од неодамна покажал дека одењето ќе ви помогне да бидете посуви. Експериментот бил изведен со и без ветер, а даденото време било исто. И во двата случаи одењето повеќе ги „заштитило“ испитаниците.
6. Етничката припадност се крие во гените
Етничката припадност не доаѓа од нашата ДНК. Таа повеќе е социјален концепт отколку културен. Времињата кога етничката припадност се сметала за биолошки концепт се минато. Етничката припадност, како и јазикот, не е вродена туку луѓето ја учат и стекнуваат додека комуницираат со другите. На пример, 2 сестри кои имаат слични гени, може да се разликуваат повеќе отколку 2 сосема неповрзани странци од различни страни на планетата.
Но, не сите митови се лажни. Погледнете некои од најчудните митови кои сепак се покажале како вистинити.