10 несвесни однесувања на родителите кои предизвикуваат тешки психички последици на децата

10 несвесни однесувања на родителите кои предизвикуваат тешки психички последици на децата

Можеби во некои од овие проблеми ќе се препознаете себеси, па нека тоа ви биде лекција за да не го правите истото и на вашето дете. Верувале или не, научно е докажано дека за голем број психички проблеми се одговорни емоциите и искуствата кои се преживеани во детството. Следните проблеми се последица од однесувањето кон децата и одличен пример за тоа како родителите ја уништуваат психата на своето дете.

1-kako-roditelite-ja-unishtuvaat-psihata-na-deteto-10-nesvesni-potezi-koi-ostavaat-teshki-psihichki-posledici-zasekogash-www.kafepauza.mk_

1. Анксиозност, депресија и недостаток на независност

Дали вашите родители или вие спаѓате во групата „родители хеликоптери“? Тоа се родители кои постојано го надгледуваат, проучуваат и критикуваат животот на детето. Иако тоа го прават со добри намери, преголемата заштита води кон психолошки проблеми. Според психолозите, ако ви е тешко да донесете одлука без консултирање со вашите родители, вие сте баш така израснато дете.

2. Штетни навики, зависност и екстремни спортови

Доколку родителите постојано им велат на своите деца дека прават многу проблеми, тие со тек на време ќе заклучат дека светот би бил подобар без нив. Резултат се млади луѓе кои несвесно бараат пат за да се уништат самите себеси, обично низ алкохол, пушење, дрога или екстремни спортови.

3. Неспособност на целосен одмор и релаксација

„Стани посериозен“, „Немој да се глупираш“, „Немој да се лигавиш“… Ова се чести, но многу штетни реченици кои се упатени кон децата. Тие креираат премногу сериозни возрасни личности, кои не знаат да се опуштат, не ги разбираат децата и ги презираат детинестите луѓе.

2-kako-roditelite-ja-unishtuvaat-psihata-na-deteto-10-nesvesni-potezi-koi-ostavaat-teshki-psihichki-posledici-zasekogash-www.kafepauza.mk_

4. Недостаток на самодоверба, желба да се биде како некој друг

Родителите кои своите деца често ги споредуваат со „подобрите“ деца ќе добијат премногу самокритичен тинејџер, а потоа и возрасна личност со комплекс на пониска вредност. Тие во животот секогаш ќе се обидуваат да направат нешто подобро, додека истовремено се мразат себеси, бидејќи не се супериорни во однос на некоја друга личност.

5. Тешкотии во приватниот живот

Ако како дете добивате инструкции да не верувате на никого, логично е дека ќе израснете во личност која верува дека светот е непријателски настроено место полно со опасни замки, без трошка добрина…

6. Барање на родителите во партнерот

Реченицата „Премногу си мал за тоа!“ е совршен начин да израснете возрасно дете. Ваквото дете најверојатно засекогаш ќе остане „премногу мало“, независно и во партнерот ќе бара родител кој ќе се грижи за него.

7. Потиснување на талентите, недостаток на иницијатива, деструктивна забава

Ако родителите често користат фрази како „Немој мене да ми паметуваш“ или „Престани да фантазираш“, ќе израснат дека кое нема свое мислење, иницијатива ниту способност за водство. Кога ќе пораснат, ваквите деца многу често ги потопуваат своите амбиции и таленти во алкохолот и опасните забави.

3-kako-roditelite-ja-unishtuvaat-psihata-na-deteto-10-nesvesni-potezi-koi-ostavaat-teshki-psihichki-posledici-zasekogash-www.kafepauza.mk_

8. Затвореност и потиснување на емоциите

Децата и тоа како забележуваат недостаток на емоции и чувствителност кај родителите. Кога често слушаат дека треба да престанат да плачат или да се жалат, децата се затвораат во себе. Тие потиснати чувства може да прераснат во психосоматски нарушувања.

9. Тешка депресија и чувство на вина

Реченицата „Од сѐ се откажавме за ти да го имаш тоа!“ е класично наметнување вина која ја преплавува душата на детето и која ретко исчезнува. Ист ефект имаат и заканите во врска со оценката во училиште – детето е под константен стрес, што лесно води кон депресија.

10. Неодговорност и незрелост

Постои посебен тип на премногу заштитнички настроени родители, кои не им дозволуваат ништо на децата. „Не ја чепкај мачката, ќе те изгребе“ е само еден од примерите за застрашување на детето да донесе каква било одлука или да испроба нешто ново. Со ваквото растење, задолжително доаѓа пасивност и неодговорност, како и несамостојност.

Родителите прават сè за доброто на своите деца, но овие родителски лекции треба да се преиспитаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар