Децата кои редовно „јадат“ ќотек може да имаат проблеми со менталното здравје кога ќе пораснат

Децата кои редовно „јадат“ ќотек може да имаат проблеми со менталното здравје кога ќе пораснат

Според истражувачите од Универзитетот во Мичиген, ќотекот може да доведе до голем број проблеми со менталното здравје. Дали сте „јаделе“ ќотек кога сте биле деца? Ова истражување покажува дека возрасните кои биле тепани во детството имале проблеми со депресија, самоубиствени мисли (и обиди), пиење алкохол и употреба на нелегални дроги.

Децата кои редовно „јадат“ ќотек може да имаат проблеми со менталното здравје кога ќе пораснат

Ќотекот се дефинира како користење физичка сила со намера да му се предизвика болка на детето, но не и повреда, за да се поправи неговото однесување. Истражувачите нагласиле дека и тепањето и семејното насилство вклучуваат нанесување болка и користење сила.

„Ако ги ставиме ќотекот и физичкото/емоционалното насилство во слична категорија, ќе ја подигнеме свеста за проблемите со менталното здравје со кои се соочуваат возрасните“, објаснил авторот на истражувањето.

Во текот на истражувањето, речиси 55% од испитаниците изјавиле дека биле тепани како деца, а оваа појава била почеста кај мажите отколку кај жените. Оние коишто изјавиле дека „јаделе“ ќотек биле изложени на поголем ризик од депресија и други сериозни проблеми со менталното здравје. Строгото воспитување си има свои негативни последици кои иако не се толку сериозни како семејното насилство, сепак постојат.

Ова истражување собрало податоци од повеќе од 8.300 луѓе кои пополниле изјави и биле на рутински систематски преглед. Испитаниците биле на возраст од 19 до 97 години и требало да кажат колку често биле тепани во текот на првите 18 години од нивниот живот.

Истражувачите дошле до заклучок дека ќотекот е многу негативно искуство со кое се соочуваат децата. Иако живееме во 21 век, оваа појава е многу почеста одошто мислите. Во некои земји тепањето на децата е забрането, но кај нас сѐ уште се практикува како воспитна мерка. Што мислите вие на оваа тема? Дали ги тепате или би ги тепале вашите деца?

Прочитајте и зошто ќотекот нема ефект кај децата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар