Дали можете да видите човек кој држи ајфон на овој мурал од 1937 година?

Дали можете да видите човек кој држи ајфон на овој мурал од 1937 година?

Станува збор за муралот познат како „Господин Пинчон и намирувањето на Спрингфилд“ (Mr. Pynchon and the Settling of Springfield) насликан од страна на италијанскиот муралист Умберто Романо во 1937 година. На прв поглед, на сликата нема ништо невообичаено, но човекот долу во десниот дел од сликата малку ги комплицира работите. Можете да го видите човекот кој зјапа во неговиот „ајфон“?

Дали можете да видите човек кој држи ајфон во овој мурал од 1937 година?

Тој држи мал, темен предмет во форма на смартфон и гледа во него. Човекот личи на многу од луѓето денес кои редовно ја користат технологијата, но нема никакви шанси тој навистина да држи ајфон, се согласувате? Па, зависи во што верувате.

Не се знае кој е човекот и што прави, но многумина дебатирале на оваа тема низ годините. Со оглед на тоа што муралот е насликан неколку децении пред да се појават мобилните телефони, невозможно е да станува збор за ајфон. Тие се појавиле дури во 1973 година, така што освен ако сликарот не патувал низ времето, не би можел да знае за постоењето на овие уреди.

Па, што би можел да биде овој „ајфон“ ако не е вистински ајфон? Со оглед на тоа што уметничкото дело се фокусира на човекот во розово, Вилијам Пинчон и тргувањето, можно е да се работи за огледало или нешто слично. Можеби човекот е шокиран од тоа колку јасно може да си го види сопствениот одраз, па затоа така втренчено гледа во предметот.

Дали можете да видите човек кој држи ајфон во овој мурал од 1937 година?

Целото дело е толку збунувачко што тешко е да се открие неговото вистински значење. Ја забележавте вештерката што лета на метла во позадина? Навистина чудна слика! Колку подолго ја гледате толку повеќе работи ќе откриете.

Експертите исто така имаат свои толкувања:

„Со оглед на тоа што сцената се фокусира на основањето на Спрингфилд, Романо, на едноставен начин, се обидел да му ја претстави современоста на љубопитното, но технолошки неразвиеното општество, кое веднаш било маѓепсано од страна блескавите предмети што ги донел Пинчон. Постоеле такви предмети во тоа време и имале правоаголна форма“, објасниле експертите.

Што мислите вие? Што претставува овој правоаголник? Дали Романо имал временска машина или пак се работи само за случајност?

Доколку сте љубители на уметноста и мистеријата, прочитајте ги овие неверојатни мистерии за најпознатите статуи ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар