Избегнете ја: Најчестата грешка заради која уште потешко ги поднесувате летните горештини

Избегнете ја: Најчестата грешка заради која уште потешко ги поднесувате летните горештини

Сите ние барем еднаш сме го слушнале советот дека во текот на топлите денови е подобро да пиеме топли, а во текот на студените денови ладни напивки. Но, дали знаете заради што би требало да го правите тоа и дали (премногу) студените пијалаци во текот на топлите денови се навистина штетни?

1-izbegnete-ja-najchestata-greshka-zaradi-koja-ushte-poteshko-gi-podnesuvate-letnite-goreshtini-www.kafepauza.mk_

Кога температурите надвор се движат над 30 степени Целзиусови и има горештини заради кои не можете ниту нормално да дишете, сигурно со задоволство се одлучувате за чаша вода или сок со многу мраз за да се разладите.

Но, можеби е добро да внимавате колку мраз ставате, бидејќи научниците предупредуваат дека студената вода всушност ја намалува хидратацијата на организмот. На големите жештини најдобро е да пиете вода или други напивки чувани на собна температура, бидејќи нив организмот побрзо ги апсорбира.

Понатаму, ако пиете студени пијалаци веднаш после оброкот, постои голема можност да настинете, дури и доколку надвор е топло. Кога ќе стекнете навика да пиете вода на собна температура, ќе забележите големо подобрување со варењето и подобро ќе се чувствувате во текот и после оброкот.

Пиењето топол чај при високи температури, исто така, има свои предности, бидејќи топлата напивка ќе го поттикне потењето и така ќе ве разлади. Сепак, постои нешто што треба да го знаете, а тоа е дека ова ќе функционира само доколку надвор нема влага, поточно кога воздухот е сув. Ефектот ќе биде уште подобар ако носите облека која не ја задржува влагата и овозможува испарување на потта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар