Научниците тврдат дека погрешно си го користиме мозокот бидејќи тој не е дизајниран за помнење

Научниците тврдат дека погрешно си го користиме мозокот бидејќи тој не е дизајниран за помнење

Ако мислевте дека тајната за моќен ум е да го наполните со многу информации користејќи ја вашата меморија, размислете повторно. Погледнете ја оваа фотографија:

chovechkiot-mozok-ne-e-dizajniran-da-gi-pamti-rabotite-kafepauza.mk

Оваа слика ќе се појави во вашиот ум кога некој ќе ви рече да се потсетите на ноќната глетка на некој град. Па, ако мислевте дека тајната за моќен ум е да го наполните со многу информации користејќи ја вашата меморија, размислете повторно.

Нашиот мозок е речиси ист како УСБ од 8 гигабајти

Во модерниот свет, ние постојано сме бомбардирани со информации. Па кога треба да се потпреме на нашиот капацитет од 8 гигабајти, ние ги паметиме работите со „намалена резолуција“. Кога сакаме да се потсетиме на она што сме го научиле, ние добиваме само некоја замаглена информација од нешто што сме го искусиле навистина јасно.

Во минатото приоритет на мозокот било преживувањето

Да ги оставиме компјутерите и модерниот свет на страна и да се вратиме во минатото кога пејзажот со информации бил многу различен. Ставете се на местото на некој од вашите древни предци. Опкружувањето во овие периоди било навистина предизвикувачко и грубо. Па, во поголемиот дел од времето вие би биле мотивирани од опстанокот – како да се одржите во живот (храна, засолниште) и како да се справите со закани. Со други зборови, вашето древно јас не би сметало дека помнењето информации е најважното нешто, туку приоритет би ви било самото преработување на тие информации. На пример, вие би размислувале „Овој предел е опасен“, или „Ова растение може да се јаде.“

Колку сме поцивилизирани, толку повеќе имаме потреба од памтење

Како што напредувала цивилизацијата со развитокот на говорот и писмото, памтењето на информациите почнало да станува корисно. Тоа им дозволило на луѓето да комуницираат и да учат од искуствата на другите без тие да поминат низ нив. Сепак, количеството на информации во тој период било значително помало од денес. Во модерното општество ние имаме речиси неограничен пристап до информации – книги, телевизија, радио, игри, мобилни телефони, и се разбира Интернет. Колку и да е корисно сето ова, сепак се појавува нов проблем: Како да се справиме со толку многу информации?

Ако се потпираме на нашите мозоци ќе бидеме преплавени

Секој ден ние консумираме околу 34 гигабајти информации. На ова додадете и 50.000 мисли кои минуваат низ нашиот ум, и ќе ви стане јасно дека не е доволно да ја користиме само меморијата. Пробајте го ова:

Погледнете ја следнава низа на 5 секунди и обидете се да ги наредите броевите по правилен редослед во вашиот ум:

92748109382301832

Сега пресметајте:

9 х 23 = ?

14 х 13 = ?

Резултатите се 207 и 182.

Сега, обидете се да се сетите на низата од броеви. Многу малку луѓе можат да се сетат на сите броеви од низата. Ова ни покажува дека ако имате само една задача ќе ја завршите многу подобро. Бидејќи во овој случај се обидувавте да запомните нешто и да пресметувате во исто време, вашиот мозок е под голем притисок. Токму ова се случува постојано. Нашите мозоци не се дизајнирани да ги „снимаат“ информациите точно. Нивната цел е да ги разработат тие информации и да ги претворат во нешто инвентивно и креативно.

Како да ослободите место во вашиот мозок?

Само затоа што информациите ни се на дланка, не значи дека треба да станеме нивни робови. Наместо да доминираат информациите, треба да знаеме кога ни се потребни и да ги користиме само тогаш. Потребно е да се ослободи „место“ во мозокот со цел да се подобри неговата најважна функција – процесирање нови информации. Погледнете два одлични начини кои ќе ви помогнат во тоа.

Развијте го вашиот „џебен мозок“

Направете си систем за организирање и складирање на корисните информации. Компјутерот е одличен начин да го направите ова. Важно е да станете способни да се справувате со информациите наместо да ги внесувате сите во вашиот мозок.

Значајно учење

Важно е да знаете како да ги искористите речиси сите информации за да научите нешто. Резултатот кој се бара овде е добро да разберете некоја информација, за да можете да пристапите до неа без проблем кога ви е потребна. На пример, размислете за тоа како го зборувате мајчиниот јазик без напор. Тој е знаење што е дел од вас.

Доколку сметате дека имате навистина лоша меморија, погледнете некои од причините за тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар