10-те најстари литературни дела во светот
Уште од почетокот на развивањето на писменоста, луѓето ги запишувале нивните мисли и идеи, на тој начин правејќи ги бесмртни. Многу од првите записи се изгубени и веројатно никогаш нема да ги прочитаме. Но, некои сепак ги преживеале сите овие години… Денес ги споделуваме со вас најстарите записи и литературни дела кои досега се пронајдени.
1. Приказната за двајцата браќа, Египет, околу 1185-та година п.н.е.
Напишана е за време на, или кратко по владеењето на Сети Втори, египетскиот владетел од 1200 до 1194 година п.н.е. Приказната за двајцата браќа е можеби најстара бајка на светот. Иако точната дата на откривање е непозната, приказната е продадена на Британскиот музеј во 1857 година.
Првиот дел од приказната раскажува за браќата Анубис и Бата. Сопругата на Анубис се обидувала да го заведе Бата, а тој успешно ја одбил. Тогаш таа се свртела против него и почнала да раскажува дека тој ја натепал откако се обидел да ја заведе. Бата побегнал бидејќи Анубис сакал да го тепа, и се молел на богот Ре-Характи за да го спаси. Откако Бата ја искажал својата невиност со тоа што си ги пресекол гениталиите и ги фрлил во некое езеро, Анубис отишол дома и ја убил својата сопруга.
Во приказната има и малку нејасен дел во кој Бата си го става срцето во едно дрво. Дрвото е исечено од неговата сопруга и Бата умира. Вториот дел од приказната е со многу различна тема. Бата е воскреснат и станува крал, а Анубис е принц кој му служи.
2. Папирусот Весткар, Египет, околу 1700-та година п.н.е.
Ова дело е колекција од 5 одделни приказни, и секоја од нив раскажува за некој свештеник или волшебник и чудата кој ги правел. Иако потеклото на ова дело е мистерија, денес се наоѓа во Египетскиот музеј во Берлин.
Една од најпознатите приказни од ова дело е онаа за Деди од Дедснефру. Деди бил волшебник со голем апетит кој имал 110 години. Тој знаел и еден неверојатен трик – можел да ја „закачи“ пресечена глава. Кеопс го викнал во неговото кралство и му рекол да го покаже трикот на еден од неговите слуги. Деди одбил и рекол дека трикот не можел да го прави на луѓе. Но, ја покажал својата способност на една гуска. За жал, во текстот не е опишано како го извел тоа.
3. Тагата на Ур, Сумерија, околу 2000-та година п.н.е.
Еден од најстарите примери за поезија е „Тагата на Ур“ напишана од кралот на династијата Исин. Целта на песната била да го смири бесот на богот Ур бидејќи кралот го уништил градот и сакал одново да го изгради.
4. Класична поезија, Кина, 1000-600 година п.н.е.
Најстарата збирка со поезија од кинеската историја се смета дека е напишана од Конфучије. Пренесувани усно со векови, поемите немаат автор, но поголемиот дел најверојатно се создадени за време на кралството на Жоу. Класична поезија е поделена на 3 книги: Фенг (песни), Ја (епови) и Сонг (химни) и содржи 305 поеми.
5. Папирусот Ипувер, Египет, околу 1650-та година п.н.е.
Многумина сметаат дека ова литературно дело ја докажува вистинитоста и историјата на Стариот завет. Други веруваат дека ова дело е напишано во 17-тиот век п.н.е. од некој Египќанец. Во него се спомнуваат неколку катастрофи, вклучувајќи ја и онаа кога Нил се претвора во крв. За жал, вистинското потекло на овој документ не може да се одреди, бидејќи Папирусот Ипувер е копија од некој постар запис.
Продолжува на следната страница…