Дали знаевте дека и нискиот крвен притисок може да биде опасен?

Дали знаевте дека и нискиот крвен притисок може да биде опасен?

Мерењето на крвниот притисок се искажува преку два броја. Првиот број го покажува систоличкиот притисок или притисокот во артериите кога срцето чука и ги исполнува со крв. Другиот број го мери дијастоличкиот притисок или притисокот во артериите кога срцето се одмара помеѓу отчукувањата.

3-dali-znaevte-deka-i-niskiot-krven-pritisok-mozhe-da-bide-opasen-www.kafepauza.mk_

Оптималниот крвен притисок е 120/80. Кај здравите луѓе, нискиот крвен притисок е без никакви симптоми и обично не е опасен и не треба да се лекува. Но, нискиот крвен притисок може да биде знак за сериозни проблеми, посебно кај постарите луѓе. Тој може да предизвика недоволен проток на крв до срцето, мозокот и другите витални органи. Хронично нискиот крвен притисок, без симптоми, скоро никогаш не е сериозен. Но, здравствените проблеми може да се појават кога крвниот притисок нагло ќе се намали и мозокот ќе биде лишен од адекватната количина крв. Тоа може да доведе до вртоглавици, а најчесто се јавува при станување од лежечка или седечка положба. Овој вид низок крвен притисок е позната како постурална хипотензија или ортостатска хипотензија. Друг вид низок притисок може да им се случи и на личностите кои долго време стојат.

Постуралната хипотензија се смета за неуспешно реагирање на кардиоваскуларниот или нервниот систем на ненадејните промени. Во нормални околности, кога нагло ќе станете, можете да почувствувате пад на притисокот и вртоглавица, но вашето тело брзо реагира со побрзи отчукувања на срцето и стеснување на крвните жили. Тоа го компензира падот на крвниот притисок, а ако не се случи тоа или се случува пребавно, резултатот е постурална хипотензија.

Ризикот од низок и висок крвен притисок обично се зголемува со годините и тоа е нормален тек на стареењето. Протокот на крв во срцето и мозокот опаѓа, што е често резултат на насобраните плочи во крвните жили. Проценето е дека од 10% до 20% од личностите постари од 65 години имаат постурална хипотензија.

Што го предизвикува нискиот крвен притисок?

Причината за низок крвен притисок не е секогаш јасна. Може да биде поврзана со следниве ситуации: бременост, хормонални проблеми како што се намалена работа на тироидната жлезда, дијабетес или ниското ниво на шеќер во крвта, некои лекови на рецепт (против висок крвен притисок, депресија или Паркинсова болест), застој на срцето, срцеви аритмии (абнормален срцев ритам), ширење или дилатација на крвните жили, топлинска исцрпеност или топлотен удар, болести на црниот дроб.

Што го предизвикува ненадејното опаѓање на крвниот притисок?

Ненадејното опаѓање на крвниот притисок може да биде опасно по живот. Причините за овој вид хипотензија ги вклучуваат: губење крв при крвавење, ниска температура на телото, висока температура на телото, срцеви болести како што се затегнување на срцето, сепса, тешка дехидрација од повраќање или грозница, реакција на лекови или алкохол, тешки алергиски реакции.

1-dali-znaevte-deka-i-niskiot-krven-pritisok-mozhe-da-bide-opasen-www.kafepauza.mk_

Кој заболува од постурална хипотензија?

Постуралната хипотензија може да се создаде заради разни причини, како што се дехидрација, недостаток на храна, претеран замор, стареење, лекови, психолошки фактори, инфекции и алергии. Постуралната хипотензија најчесто се јавува кај оние луѓе кои земаат лекови за контрола на високиот крвен притисок. Исто така, може да биде поврзана со бременоста, силните емоции, артериосклерозата или дијабетесот. Хипотензијата е честа после обилниот оброк кој обилува со јаглехидрати. Постојат и лекови кои може да предизвикаат хипотензија. Тоа се лековите кои се користат за лекување на високиот крвен притисок, како што се диуретици, бета-блокери, блокери на калциевите канали, лекови против еректилни дисфункции, лекови за Паркинсовата болест, средства против анксиозност, седативи, хипнотици и трициклични антидепресиви.

Најчести причини за постурална хипотензија се:

Дехидрација и губење на електролитите кои може да доведат до пролив, повраќање и претерано губење крв во текот на менструација или повреда. Старосната доба, исто така, влијае на крвниот притисок. Одредени болести може да предизвикаат хипотензија. Овде спаѓаат: нарушување на нервниот систем, кардиоваскуларни нарушувања, алкохолизам, болести со исхраната.

Дознајте повеќе информации за нискиот крвен притисок и неговото регулирање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар