Понекогаш треба да бидете тажни и да не се преправате дека се чувствувате поинаку

Понекогаш треба да бидете тажни и да не се преправате дека се чувствувате поинаку

Понекогаш сите се преправаме дека сѐ е во ред. Понекогаш лажно се насмевнуваме. Понекогаш се однесуваме како сѐ да е совршено со надеж дека тоа некако ќе го поништи хаосот што го чувствуваме однатре. Но, срцето не е толку едноставно, ниту пак умот.

Понекогаш треба да бидете тажни и да не се преправате дека се чувствувате поинаку

Понекогаш учествувате во разговори, им одговарате на луѓето кои очекуваат одговор. Понекогаш лажете за тоа како се чувствувате и се надевате дека другите не можат да забележат кои се мислите што всушност ви прелетуваат низ глава.

Понекогаш одите на забавата и се дружите со пријателите затоа што морате и ќе имате грижа на совест ако ги одбиете. Изговорот кој гласи „Не ми се излегува“ не е доволно добар за луѓето кои не можат да го разберат. Не постои начин на кој ќе можете да ги натерате да ја разберат вашата необјаснива тага. Повеќе се грижите за нив отколку за себеси. Ги закопувате несаканите чувства не затоа што се обидувате да се излажете себеси, туку за да не им бидете товар на останатите.

Но, понекогаш не треба да ги закопувате несаканите чувства. Понекогаш треба да ги изветреете како да се валкана облека и да ги ослободите како долго чувана тајна. Понекогаш овие тажни чувства треба да бидат почувствувани и прифатени.

Не е срамота да бидете тажни. Плачењето не ве прави слаби, па дури и ако се истурите од плачење цела вечер. Тагата на еден или друг начин ќе се покаже и тоа нема да ја намали вашата сила, независност, способност и нема да го погази вашиот идентитет. Тагата ве прави човечко суштество. Страдањата ве прават човечко суштество и сите минуваат низ истото. Дозволете им на страдањата да постојат и да бидат токму она што се. Тагата и страдањата не ве прават слаби, но преправањето дека тие не постојат ве прави слаби.

Понекогаш треба да бидете тажни и да не се преправате дека се чувствувате поинаку. Понекогаш токму преправањето најмногу боли. Преправањето ве прелажува да мислите дека сте силни затоа што не им се препуштате на емоциите. Не запирате. Продолжувате понатаму сѐ додека не ја потрошите сета енергија што ја имате во глумење дека сѐ е во ред. И што потоа? Понекогаш глумењето повеќе наштетува одошто лечи.

Ако глумите дека сте среќни, тоа не покажува колку сте отпорни, туку колку сте исплашени. Преправањето не е симбол на издржливост и одлучност, туку на страв. Не плашете се да им дозволите на луѓето да видат дека страдате. Не плашете се од тоа дека ќе бидете товар. Не плашете се од осудувањата. Бидете онакви какви што се. Чувствувајте се онака како што сакате. Не преправајте се дека чувствувате нешто друго. Покажете ги вашите вистински емоции и ќе забележите дека ќе почне да ви станува полесно.

Во продолжение прочитајте зошто понекогаш сѐ што ви треба е шише вино и добро да се исплачете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар