6 проблеми во однесувањето на децата за кои се виновни родителите
Сите родители мислат дека нивното дете е највоспитаниот мал човек на светот. Но, на повеќето од нив им се случува да направат некои грешки во воспитувањето кои се одразуваат во одредени ситуации преку проблематичното однесување на децата. Во продолжение прочитајте за кои типови однесување станува збор…
1. Имаат навика да ги прекинуваат другите
Ако им кажете на децата „Немој да ме прекинуваш!“ нема да постигнете ништо. Научете го вашето дете да си го чека редот во разговорите секој ден дома додека ручате или зборувате на телефон со вашите колеги. На пример, пред да се јавите некому, кажете му го на детето следново: „Сега ќе разговарам на телефон и не треба да ме прекинуваш. Ќе престанам да зборувам кога подолгата показалка на часовникот ќе застане на оној број.“
2. Ги допираат производите во продавница и инсистираат да им ги купите
Важно е вашето дете да научи да ги контролира неговите желби, затоа што не можете да го купите сето она што се продава ако нема потреба од тоа. Тие мислат дека бирате производи во продавница без никаков план. Децата не разбираат дека имате листа на работи што треба да ги купите. Токму затоа, добро подгответе се пред да отидете на пазарување.
- Заедно направете листа од производи што треба да се купат и нацртајте цртежи доколку вашето дете сѐ уште не знае да чита. Дозволете му на детето да биде задолжено за овој лист хартија и тоа нека контролира дали купувате според планот.
3. Не кажуваат учтиви зборови
Колку порано почнете да го учите детето на љубезност толку подобро. Меѓутоа, некои деца лесно го разбираат значењето на овој збор додека, пак, на некои други тоа им оди малку потешко. Покажете му ја на детето магијата на учтивите зборови. Немојте да правите ништо од она што ќе го побара додека не каже „Те молам“. Кажувајте „Здраво“, „Пријатно“ и „Благодарам“ први, без да чекате вашето дете да се сети.
4. Не знаат кога да прекинат
На децата им е тешко да разберат дека постојат информации што не треба да ги споделуваат со други луѓе. Тие не знаат за срам и немаат искуство со последиците од кажувањето погрешни зборови во погрешно време. Родителите се тука за да ги подучат на ова.
- Обидете се да ги запознаете со концептот на „домашни тајни“ каде што ќе спаѓаат сите работи што не треба да им се кажуваат на други луѓе.
5. Се плашат да бидат подалеку од вас
Децата се плашат да се оддалечат од родителите кога родителите ставаат бариери помеѓу нив и вообичаените активности. Децата почнуваат да размислуваат на следниов начин: „Ако се пуштам по онаа лизгалка, ќе се повредам и ќе си ја скинам облеката“. Токму затоа ако родителот е добро расположен и му дозволи на детето да си игра слободно на игралиштето, тоа веројатно ќе одлучи дека не сака да си го ризикува „животот“ за моментално задоволство.
6. Им додеваат на други возрасни
Ако детето лесно може да започне разговор со непознат човек, тоа е знак дека во семејството постои меѓусебна доверба. Меѓутоа, тоа исто така значи дека детето можеби не знае дека возрасните имаат и други интереси. Пример за тоа е кога родителите не можат да го прават она што го сакаат или да си ги извршуваат обврските, затоа што се обидуваат целото нивно време да го поминуваат со детето. Во таков случај, не е ни чудно што детето не знае дека другите луѓето не сакаат постојано да го прават она што нему му е интересно.
Прочитајте ги и 10-те клучни особини на добрите родители.