13 класици што можете да ги прочитате за 1 ден!

13 класици што можете да ги прочитате за 1 ден!

Читањето книга од класичната литература може да делува како голем предизвик. Таквите романи бараат вложување многу време, концентрација и ментална енергија. Меѓутоа, следниве 13 романи докажуваат дека книгата не мора да е долга за да биде значајна, фасцинантна, комплицирана и убаво напишана. Одберете некоја од следниве книги, направете си шолја кафе и нурнете во светот на класиците…

1. „Сликата на Доријан Греј“ – Оскар Вајлд (The Picture of Dorian Gray)

13 класици што можете да ги прочитате за еден ден

Оскар Вајлд бил најпрво познат како драмски писател на комедии, но преку „Сликата на Доријан Греј“ тој дал критика на суетата што владеела кај луѓето од неговото време. Доријан Греј е млад и згоден човек кој сака да остане убав по секоја цена. Па така, иако тој води хедонистички живот и се однесува лошо со сите околу него, неговиот портрет старее наместо него. На почетокот, овој роман бил критикуван поради преголемата застапеност на сензуалност во него, но денес се смета за едно од најдобрите дела на Вајлд.

2. „Странецот“ – Албер Ками (The Stranger)

13 класици што можете да ги прочитате за еден ден

„Странецот“ од Албер Ками ја обработува филозофијата на апсурдот и егзистенцијализмот. Во него се работи за рамнодушниот Мерсо и за неговата трансформација пред одлучувачкиот момент во неговиот живот. Мерсо воопшто не се грижи за тоа што му се случува и романот завршува укажувајќи на бесмисленоста на постоењето. Овој роман, кој бил објавен во 1942 година, бил прогласен за една од најдобрите 100 книги на 20-ти век.

3. „Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фицџералд (The Great Gatsby)

13 класици што можете да ги прочитате за еден ден

„Големиот Гетсби“ се смета за една од најдобрите книги некогаш напишани. На почетокот делува како лесна и романтична приказна за животите на луѓето од повисока класа за време на 1920-тите години. Меѓутоа, како што се развива дејството, приказната станува сѐ помрачна и на крајот го бара целосното внимание на читателот. Она што најпрво личело на луксуз, подоцна се претвора во декаденција и ликовите полека го губат сјајот како што се откриваат нивните вистински лица.

4. „Животинска фарма“ – Џорџ Орвел (Animal Farm)

13 класици што можете да ги прочитате за еден ден

Оваа книга била напишана во 1945 година пред Западот да влезе во конфликт со Советскиот Сојуз. Алегоричниот роман на Орвел ги опишува настаните од 1917 година за време на руската револуција, па затоа му било тешко да најде издавач, но книгата станала многу популарна подоцна. Орвел во книгата ги претставува Советските лидери како свињи кои ја преземаат фармата и воведуваат разни промени. Главниот негативец во приказната, свињата по име Наполеон, е алегорија за ликот на Сталин.

Продолжете на следната страница за останатите класици…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Мартина Reply

    Колку саати ви трае вас денот што може да ги прочитате овие книги за еден ден со концентрација и разбирање?

    • Nobody Reply

      Една книга за еден ден, јас така разбрав, а не сите во еден ден.

Остави коментар