Откријте ги 7-те фасцинантни тајни скриени во дел од најпознатите уметнички дела
Постојат уметнички дела кои се толку многу популарни, што речиси на сите луѓе во светот им се многу добро познати. Не мора да бидете експерт за уметност за да ги препознаете делата на Пабло Пикасо, Ван Гог или Салвадор Дали. Меѓутоа, дури и најпознатите ремек-дела кријат некои тајни. Велат дека секое парче уметност е обвиено со мистерија што само чека да биде одгатната. Ние ви откриваме 7 од тие фасцинантни тајни…
1. 112 поговорки одеднаш

„Фламански поговорки“ од Питер Бројгел Постариот, 1559
Питер Бројгел насликал село со луѓе кои ги претставуваат поговорките од периодот во кој живеел. Ова уметничко дело содржи околу 112 препознатливи идиоми. Некои од нив сѐ уште се користат, како на пример „Удира со глава во ѕид“, „Вооружен до заби“, „Кроток како јагне“, „Не се плива спротивно од водотекот“ и слично. Останатите поговорки се однесуваат на човечката глупавост.
2. Субјективноста на уметноста

„Бретонско село под снегот“ од Пол Гоген, 1894
Ова уметничко дело било продадено по смртта на Гоген за само 7 франци. Било продадено под името „Нијагарини водопади“ бидејќи аукционерот по грешка ја превртел сликата наопаку и мислел дека се работи за водопад, а не за село.
3. Скриен портрет

„Сината соба“ од Пабло Пикасо, 1901
Во 2008 година, истражувачите со помош на рендгенски апарат откриле скриена слика под „Сината соба“ на Пикасо. Станувало збор за портрет на човек облечен во сако и вратоврска, со главата потпрена на раката.
„Кога Пикасо ќе добиел идеја, морал да ја реализира. Не можел да купува нови платна секогаш кога ќе се сетел на нешто ново“, објаснува кураторот Сузан Бехрендс Френк.
4. Кога ремек-делата оживуваат

„Дожд, пареа и брзина – Големата западна железница“ од Џ. М. В. Тарнер, 1844
Во 1842 година, госпоѓа Симонс патувала со воз накај Англија. Одеднаш, почнало да „истура“. Еден постар господин, кој седел пред неа, станал, го отворил прозорецот, ја извадил главата надвор и останал така околу 10 минути. Жената била толку љубопитна што го отворила нејзиниот прозорец и таа почнала да му се восхитува на пејзажот. Една година подоцна, кога посетила изложба во Кралската академија за уметности, госпоѓа Симонс го препознала тој момент во една од сликата насловена како „Дожд, пареа и брзина“.
5. Лекциите по анатомија на Микеланџело

„Создавањето на Адам“ од Микеланџело, 1511
Некои американски експерти од областа на невроанатомијата веруваат дека во едно од најпознатите дела на Микеланџело можат да се пронајдат алузии на анатомијата. Тие тврдат дека десниот дел од делото претставува анатомски точна слика на огромен мозок. Дури можат да се забележат и најделикатните елементи на мозокот, како што се малиот мозок, оптичкиот нерв и хипофизата. Впечатливата зелена лента, пак, совршено се поклопува со ’рбетната артерија.
6. „Тајната вечера“ од Ван Гог

„Кафе тераса навечер“ од Винсент Ван Гог, 1888
Истражувачот Џаред Бекстер тврди дека сликата на Ван Гог со име „Кафе тераса навечер“ содржи скриена алузија на „Тајната вечера“ од Леонардо да Винчи. Централната фигура е келнерот со долга коса во бела наметка, а околу него има 12 луѓе (исто како Исус и апостолите). Позади грбот на келнерот има крст, што е исто така симболично.
7. Ода на сирењето

„Доследноста на сеќавањето“ од Салвадор Дали, 1931
Додека ги создавал неговите ремек-дела, Дали честопати користел необични извори на инспирација. Според тоа, воопшто не е чудно што едно од неговите најпрепознатливи дела било инспирирано од топењето на камамбер сирење.