Дали жените полесно запознаваат пријатели во споредба со мажите?

Дали жените полесно запознаваат пријатели во споредба со мажите?

На сите нам ни е познато тоа дека жените по природа се повеќе социјални од мажите, кои пак го поминуваат времето само со одреден круг пријатели. Идејата дека мажите и жените запознаваат нови пријатели на различен начин, постои секаде околу нас. Но, дали ова е факт или само уште еден стереотип? И доколку разликите се вистински, на што се должат тие, дали на биологијата или пак на социјалните услови?

Дали жените полесно запознаваат пријатели во споредба со мажите?

Разгледувајќи ги разликите помеѓу мажите и жените, се согледува дека всушност постојат некои разлики на невролошко ниво. Но, тука се поставува прашањето дали овие разлики се присутни кај сите, поделени според полот, дали е нешто што се развива природно или пак е одговор на одредени социјални притисоци. Засега, тоа останува неразјаснето. Кога станува збор за мозокот, работите воопшто не се едноставни. Влијанијата врз однесувањето може да бидат различни, почнувајќи од општествените однесувања, хормоните и слично.

Зошто мажите имаат проблеми при запознавањето пријатели?

Истражувањата покажале дека за возрасните американски мажи, задржувањето пријателство кое ќе трае може да биде тешко. Ова главно се должи на социјалните причини. Според една статија во Њујорк Тајмс објавена порано оваа година, многу мажи сметаат дека зборувањето за лични работи со други мажи, не е мажествено. Резултатот честопати е помалку интимност, посекојдневно пријателство, со што врските полека избледнуваат и е потешко истите да се одржат. Д-р Жаклин Олдс, експерт во оваа област, изјавила:

„Машките пријателства почесто се базирани на заеднички активности како што е спортот или работата, наместо на тоа што им се случува психички. Жените се научени да си ги искажуваат чувствата едни на други, мажите не.“

Но, разликата помеѓу машките и женските способности за запознавање пријателства, најверојатно може да се должи и на различни невролошки аспекти кои влијаат на тоа како половите комуницираат. Кога се истражуваат деталите на оваа тема, таа станува многу посложена. На пример, една студија спроведена во 2008 година ја мерела големината на поделбата на вентралниот преден дел на мозокот каде што се вклучени социјалните сознавања. Кај возрасните, оваа област е поголема кај жените, отколку кај мажите, додека пак кај децата, таа е поголема кај момчињата. Исто така научниците ја тестирале оваа област на мозокот во однос на „женственоста“ на учесниците, без оглед на полот. Како била утврдувана „женственоста“? На тој начин што им бил даден прашалник со 24 точки, којшто барал учесниците да се рангираат себеси на скала од 0 до 4 за одредени нивни карактеристики. Користејќи го ова, тие откриле дека колку повеќе личноста е „женствена“, толку поголема е таа област во мозокот.

Дали жените полесно запознаваат пријатели во споредба со мажите?

Мозокот кај мажите и жените се однесува поинаку кон социјалните ситуации

Една нова студија спроведена од државниот универзитет во Грузија, објавена во „Зборникот на Националната академија на науките“, открила дека во мозокот на возрасните мажи и жени постојат биолошки разлики што можат да имаат ефект на тоа како тие ги третираат социјалните нарушувања и психијатриските проблеми. Веќе знаеме дека жените имаат тенденција да одговорат на социјалните однесувања поинаку од мажите.

На пример, според една студија спроведена од државниот универзитет во Пенсилванија во 2013 година, жените подобро одговараат на меѓучовечките односи и тестовите за социјално разбирање. Но, новата студија од Грузија воведува нов фактор – полова разлика помеѓу реакциите на мозокот на два различни хормони. Научниците тестирале машки и женски хрчаци, испитувајќи ги нивните реакции на два различни хормони, серотонин и аргинин-вазопресин, а резултатите биле прилично извонредни. Кај машките хрчаци, серотонинот ја намалувал агресијата и желбата за доминација, додека пак аргинин-вазопресинот ја зголемувал. Кај женските хрчаци, пак, се случило спротивното – серотонинот ги направил повеќе доминантни, додека пак аргинин-вазопресинот ги обесхрабрувал.

Поради некоја причина, мозокот на хрчаците се однесувал спротивно кога станувало збор за хормоналната реакција. Односот помеѓу хормоните и социјалните однесувања всушност не е нешто ново. На пример, една студија од 2015 година открила дека луѓето со социјална фобија почесто страдале од премногу серотонин, додека пак било откриено и дека премалку вазопресин влијае врз социјалните проблеми на децата со аутизам.

Но, ова е прв пат некој да сугерира дека овие хормони може поинаку да се однесуваат кај мажите и жените. Ова е значајно од повеќе причини. На пример, серотонинот се користи при третман на депресија, а оваа студија укажува на тоа дека машките и женските мозоци различно реагираат на тоа. Но, ова е само тест на хрчаци и научниците не се сигурни дали човечките мозоци работат на истиот начин. Дали разликата се појавува со текот на времето, како што старее личноста? Дали е вродена кај децата? Во секој случај, може да се каже дека мажите и жените различно реагираат на социјалните ситуации и дека тоа е производ на нивниот начин на однесување, а можеби влијание имаат и некои аспекти од мозокот. Сепак, уште сме далеку од тоа да знаеме што навистина се случува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар