Луѓето кои прекумерно размислуваат можат на покреативен начин да ги решат своите проблеми
Оние кои прекумерно размислуваат, честопати се соочуваат со негативни мисли и емоции. Тие тогаш чувствуваат вознемиреност, загриженост, стрес и зависни се од тоа постојано да размислуваат. Меѓутоа, покрај сѐ, психолозите откриле нешто убаво во оваа карактеристика. Всушност, ако се пронаоѓате во ова тогаш тоа може да значи дека вие сте еден креативен генијалец.
Зошто оние кои прекумерно размислуваат се покреативни?
Според еден објавен труд, претставена е нова теорија која ја утврдува врската помеѓу креативноста и невротичноста. Делот од мозокот одговорен за спонтани мисли, како на пример самокритикувањето и прекумерните анализи, е повеќе активен кај невротичните луѓе, давајќи ѝ позитивни и негативни особини. Позитивните особини се дека овде е зголемена креативноста, а негативните особини вклучуваат анксиозност, депресија, опсесија и слично. Доктор Адам Перкинс, еден од авторите на студијата, го потврдува ова:
„Невротичноста има своја цена, но и придобивки. Високо невротичните луѓе повеќе ќе страдаат од анксиозност и депресија во текот на нивниот животен век, но нивното длабоко размислување исто така има тенденции да доведе до поголем креативен потенцијал.“
Прекумерното размислување како движечка сила
Прекумерното размислување се смета и како движечка сила зад невротичноста. Но, не секој вид. Оние кои прекумерно размислуваат се вешти во негативно мислење затоа што некои делови од префронталниот кортекс (мозочната област со која се регулираат спонтаните мисли) се премногу активни. Како резултат на тоа, тие се премногу чувствителни на закана и опасност дури и кога тоа не постои и тие честопати со голема брзина ќе настојуваат да го решат проблемот. Иако ова може во голема мера да ги направи несреќни личностите кои премногу размислуваат, тоа исто така може да ги поттикне да бидат креативни во решавањето на проблемите. Според Перкинс, невротичните луѓе кои размислуваат премногу за проблемите, поради кои имаат и голем број закани, многу веројатно е дека ќе имаат подобра можност за решавање на овие проблеми, во споредба со оние кои постојано гледаат на светлата страна на животот.
И старите мислители размислувале прекумерно
Ова објаснува зошто некои личности како што се Ван Гог, Вуди Ален и Исак Њутн биле премногу креативни и прекумерно размислувале. Всушност, тие се задржувале на проблемот подолго од просечниот човек, длабоко го анализирале и биле опседнати со тоа. На пример, Исак Њутн, бил склон на грижење, постојано размислување и задржување на научните проблеми:
„Постојано го држам предметот пред мене и чекам полека да се појави, малку по малку, во целосна и јасна светлина.“
Ако ова не се случувало, многу од неговите креативни откритија не би дошле до нивната цел.
Помага да ги сфатат своите сопствени искуства
Истражувачите се надеваат дека теоријата ќе стимулира нови истражувања и ќе обезбеди единствена рамка за да се врзат заедно и емоционалните и креативните аспекти на невротичноста. Тие признаваат дека се потребни и понатамошни истражувања:
„Сѐ уште сме далеку од целосното објаснување на невротичноста и не ги нудиме сите одговори, но се надеваме дека нашата нова теорија ќе им помогне на луѓето да ги сфатат своите сопствени искуства и да покажат дека иако да се биде премногу невротичен е непријатно, сепак, тоа има и креативни придобивки“, вели Перкинс.
Па, наредниот пат кога ќе се чувствувате нерасположени, депресивни или пак вознемирени, сетете се дека имате уникатна способност, односно вие сте вешти во креативното решавање на проблемите!