Можеби ќе ја препознаете оваа дама по нејзината песна „Mickey“ која била вистински хит во 80-тите години. Станува збор за Тони Бејзил. Таа е заслужна за кореографиите на голем број врвни музичари како што се Дејвид Боуви и Talking Heads и досега била дел од жирито на голем број меѓународни натпревари во стрит денс.
Летово, Бејзил присуствувала на работилница предводена од страна на францускиот танчар Бабсон Баба Си. Кога тој ја препознал, ја замолил Тони да изведе танц пред сите присутни и нивните реакции биле неверојатни! Уште поневеројатен е фактот што таа има 72 години. Бејзил советува дека ако сакате да останете во форма мора да почнете со танцување уште веднаш. Отидете до најблиското студио за танц и учете го танцот што најмногу ви се допаѓа, било да се работи за хип хоп или салса. Во продолжение погледнете го видеото од нејзиниот неверојатен хип хоп танц кој несомнено ќе ве инспирира и остави без зборови…