Ако имате една од овие зависности, време e да направите ментална пауза

Ако имате една од овие зависности, време e да направите ментална пауза

Луѓето се несовршени. Без оглед какви способности и моќи му се дадени на човекот, секогаш постои дел во неговата природа, кој ќе стане зависен од некој или од нешто. Многу често се случува луѓето да ги користат своите способности и алатките со кои функционираат во секојдневието и да ги злоупотребат до точка во кои тие веќе не се корисни, туку штетни за нив. Со оглед на тоа колку брзо се развива технологијата, не е чудно што нашите мозоци многу тешко можат да ја избегнат зависноста од неа. Како се развива технологијата, така се развиваме и ние.

(1) Ако имате една од овие „зависности“, време e да направите ментална пауза

ВИДОВИ ЗАВИСНОСТИ

Но, понекогаш потребно е да застанеме и да видиме колку далеку сме отишле со нашата зависност и дали можеби ни треба кратка или подолга пауза, како и од сè друго што му нанесува штета на нашиот ум и на нашето тело. Проверете до каде сте со својата зависност и дали со технологијата имате развиено здрав однос или можеби ви е потребна ментална пауза.

1. Социјални мрежи

Социјалните мрежи се прекрасен изум, кои ни помагаат да се поврземе со целиот свет. Сигурно имате голем број пријатели од најразлични делови на планетата, со кои секојдневно можете да комуницирате, иако живеат на стотици илјади километри од вас. Тоа е технолошко чудо, но и врата низ која навлегува зависноста. Наместо да бараме реален контакт со луѓето околу нас, ние тежнееме да создадеме пријателства преку социјалните мрежи и преку нашите паметни телефони. Колку и да изгледа интересно и можно, тоа е лажно чувство на поврзаност.

2. Работа и професионализам

Во свет каде што потрошувачката и капитализмот владеат со светот, напорната работа е прифатена како позитивна карактеристика и вредност на секој човек. Обидот да се постигне што е можно повеќе на професионален план, што потоа се вреднува со материјално достигнување, но прашајте се, кои се изворите на вашата желба за тоа? Дали работите по 80, па и повеќе часа неделно, за да ги задоволите идеалите на вашите родители, да изгледате успешни пред пријателите и љубовните партнери? Само вие го имате одговорот. Но, не значи дека доколку општеството смета оти „напорната работа“ е добра и вообичаена, не значи дека треба слепо да го следите тоа правило, доколку забележите дека тоа се одразува на вашето психичко и физичко здравје.

3. Вежбање и фитнес

За некои луѓе тешкиот дел е да се натераат да влезат во сала за вежбање, додека пак за некои е тешко да излезат оттаму. Вежбањето го стимулира создавањето на хормони кои го подобруваат нашето расположение и прават да се чувствуваме убаво во сопствената кожа. Тоа, секако создава зависност. Многу често се случува луѓето кои вежбаат да станат зависни од физичките активности. Доколку се пронаоѓате себеси меѓу оние луѓе кои влегуваат во сала за вежбање и со часови се исклучуваат од останатиот социјален живот, прашајте се која е целта на оваа ваша пожртвуваност и дали можеби станува збор за само уште еден вид зависност која се обвила околу вас.

4. Стимулација

Колку често ви се случува едноставно да гледате во празен бел ѕид и да бидете сами со себе и со мислите во вашата глава? Голем број луѓе, такви неколку минути имаат единствено кога ќе легнат да спијат. Нашите животи се постојано исполнети со одреден вид на стимулации – телевизија, музика или вести.

(3) Ако имате една од овие „зависности“, време e да направите ментална пауза

СООЧЕТЕ СЕ СО ЗАВИСНОСТА

Овие четири навики се тешки за разгледување со оглед на перспективата којашто општеството ја има за нив. Повеќето совети се дека вежбањето и физичките активности се добри за нас, но тоа не е секогаш така. Еве неколку совети кои би можеле да ви помогнат да се соочите со своите зависности и како да си помогнете.

1. Мотиви

Првиот чекор е да ја проширите вашата свесност и да ги разберете мотивите поради кои токму кај вас се развила таа зависност. На пример, кога најчесто го проверувате телефонот? Најверојатно кога сте сами, а не со вашите најдобри пријатели. Оваа навика најчесто се практикува, кога луѓето се чувствуваат осамено и отсечено од средината. Кога ќе станете свесни за причините, потоа е полесно да ја дијагностицирате и да се справите со својата зависност.

2. Правете паузи

За овој чекор можете да го земете за пример религиозното постење со храна. Едноставно, како што во одредени периоди од годината, верниците постат, така и вие направете пауза од вашата зависност. На пример, кога ќе одите да пазарувате, оставете го телефонот дома или исклучете го на неколку дена кога одите на одмор. Прекинете со вежбање неколку дена. Без оглед како ќе го смислите паузирањето, тоа позитивно ќе влијае врз вашиот личен живот и подобрувањето на односите со луѓето околу вас. Истовремено, за време на тие паузи може пред вас ќе согледате некоја нова перспектива.

3. Преземете „нуклеарно“ решение

Доколку забележите дека не можете само да си помогнете во намалувањето или искоренувањето на вашата зависност, тогаш можеби е време да побарате стручна помош.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар