Која е разликата помеѓу емоциите и желбите?

Која е разликата помеѓу емоциите и желбите?

Исто како што формалниот предмет на верувањето е вистината, така и формалниот предмет на емоциите е евалвацијата. И верувањата и емоциите се стремат да бидат оправдани според реалноста. Поконкретно, тие целат во рефлектирањето на важноста или значењето на нивниот предмет за субјектот. Желбите, од друга страна, се стремат да ја променат реалноста за таа да дојде во согласност со нив. Така, додека емоциите и верувањата се движат во насока „умот кон светот“, желбите се движат во обратен правец – „светот кон умот“. Значи, емоциите ја рефлектираат реалноста, а желбите ја пременуваат.

Која е разликата помеѓу емоциите и желбите?

Емоциите во себе често ги вклучуваат и желбите. На пример, ако сме лути на некој, тоа е така затоа што посакуваме таа личност да покаже поголема почит кон нас или ако сме исплашени од некоја смртоносна змија, тоа е така затоа што посакуваме да останеме живи. Емоциите исто така можат и да предизвикаат различни желби. На пример, да ѝ се развикаме на личноста на која ѝ сме лути или да посакаме да ја убиеме змијата користејќи ја само нашата храброст.

Но, треба да се забележи дека првите желби, кои се вмешани во емоциите, се разликуваат од вторите желби кои се предизвикани од емоциите по тоа што се поапстрактни, поопшти или поскриени и посклони кон диспозициите. Иако желбите можат да бидат предизвикани од емоциите, сепак за тоа нема потреба и тие доаѓаат во многу различни форми: Желби, нагони, потреби, импулси, пориви, посакувања, копнежи.

Желбите често не можат да бидат исполнети, бидејќи понекогаш се нереални, како на пример мислата: „Камо да можеа да запрат да зборуваат“. Нагоните ги предизвикува телото. Потребите се нагони кои станале итни и потребни. Импулсите се непланирани, ненадејни желби кои се поврзуваат со некое дејство. Поривите се импулси на кои тешко можеме да одолееме, како на пример опсесивно компулсивното нарушување. Копнежот е силна и скриена желба, понекогаш непријатна или исполнета со тага, за нешто недостапно или нешто што тешко може да се достигне.

Така, некои желби се чисто физиолошки или биолошки, но дури и овие, независно од тоа дали се задоволени или не, можат да предизвикаат различни чувства. Важно е да знае што се појавило прво, желбата или емоцијата, и да не се рационализираат нашите основни желби како поблагородни емоции, што многу често се случува во романтичната љубов и други слични животни ситуации. Затоа често не можат да се разликуваат. Желбите родени од емоциите и емоциите родени од желбите можат да имаат и своја приказна и не треба да се гледаат како помалку вистински или секундарни.

Во овој момент, вие ги читате овие зборови бидејќи, од која и да било причина или причини, сте формирале желба да ги прочитате и тоа ве мотивирало така и да направите. И „мотивација“ и „емоција“ се зборови кои потекнуваат од латинскиот израз „movere“ што во буквален превод значи „се движи“. Луѓето кои доживеале мозочна повреда и кои немаат капацитет за емоции имаат потешкотии позитивно да одлучат и да имаат желби бидејќи тие немаат основа да изберат помеѓу две натпреварувачки опции. Затоа, филозофот Дејвид Хуме забележува дека еден човек не може да разликува „е“ од „треба да биде“, односно не може да ги разликува моралните заклучоци од голите факти и по продолжение сите морални заклучоци се засновани во емоциите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар