Науката на приврзаноста: Дали сте сигурни, анксиозни или ги избегнувате другите?

Науката на приврзаноста: Дали сте сигурни, анксиозни или ги избегнувате другите?

Често се среќаваме со совети кои нè поучуваат како треба да се однесуваме во врските: „Не барајте премногу“, „Не дозволувајте љубомората да ве обзема“ и „Имајте силно чувство на независност“. Но, ниеден од овие совети не е добар. Ние сме тоа што сме, а објаснувањето за начинот на нашето однесување лежи во теоријата за приврзаноста. Таа се заснова на идејата дека сите сме програмирани да ги двоиме луѓето и да избираме одредени индивидуи кои ќе ни значат. Иако ја имаме основната потреба да формираме посебен однос со луѓето, сепак начинот на кој се формираат тие врски варира. Секој припадник на општеството, независно дали тој или таа никогаш не биле со никого или биле 50 години во брак, припаѓа во еден од овие 3 стилови на приврзаност: сигурни, анксиозни или оние кои ги избегнуваат другите.

Науката на приврзаноста: Дали сте сигурни, анксиозни или ги избегнувате другите?

Околу 56% од луѓето во светот се сигурни, 20% се анксиозни, а 23% се луѓе кои ги избегнуваат другите. Преостанатиот 1% се онаа ретка комбинација на анксиозни луѓе кои ги избегнуваат другите. Секој од овие стилови постои со причина и ниеден не може да се нарече „здрав“ или „нездрав“. Тие се само еден вид описи на начините на кои сите ние се однесуваме во романтичните врски и не се никаква форма на осудување.

Луѓето кои се сигурни се чувствуваат удобно во и со интимноста и обично се љубезни и мили. Тие се директни, не играат игри и не се драматични.

Луѓето кои се анксиозни обично копнеат по интимноста. Често се преокупирани со своите врски и се грижат за тоа дали нивниот партнер е способен да ги сака. Се повлекуваат во расправиите, лесно стануваат љубоморни и премногу размислуваат. Тие ја поистоветуваат интимноста со губењето на независноста и постојано се обидуваат да ја минимизираат блискоста.

Луѓето кои ги избегнуваат другите се чувствуваат неподготвени да се поврзат. Се фокусираат на малите несовршености и забележуваат кога некој се обидува да им пререче за нивната независност. Тие сметаат дека врските вклучуваат обврзаност додека се обидувате да ги следите своите цели.

Иако сите овие стилови постојат со причина, тие сепак можат негативно да делуваат врз вашата среќа. Ако сте поанксиозни, природно ќе се наклонувате кон оние кои ги избегнуваат другите. Анксиозниот партнер ќе сака интимност, додека оној партнер кој избегнува ќе сака простор. Токму затоа ако сте анксиозни, тогаш треба да барате некој кој е сигурен. Истражувачите откриле дека најсреќните врски се оние во кои има барем еден сигурен партнер, а идеалните имаат двајца.

Ова е многу важно бидејќи значи дека секој треба да се стреми да биде тоа што навистина е. Амир Левин и Рејчел Хелер, во нивната книга „Приврзани: Новата наука на возрасното приврзување и како таа може да ви помогне да ја пронајдете и задржите љубовта“ велат:

„Ние сме програмирани да се однесуваме ма предодреден начин во нашите романтични врски“.

Но, тоа не значи дека треба да бидеме робови на нашата ДНК. Секогаш можеме да научиме да ги смениме деловите од нашиот стил на приврзување кои не ни одговараат или кои ни стојат на патот кон поуспешен однос.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар