Живот. Тој е исполнет со голем број нешта кои за прв пат ги пробуваме. Но, како што старееме, така и ја губиме зачуденоста и возбудата која овој свет ни ја предизвикувал. Кога сме биле мали, сè ни било ново и возбудливо. А сега… Па, сега повеќето од нештата ни се обични и здодевни. Токму затоа и треба да го земеме ова мало бебе за пример и да станеме малку повеќе како него. Истон за прв пат во својот живот пробува сланина и неговата реакција е бесценета. Погледнете го видеото и подгответе се да се смеете до солзи!