Вистините за врските со прекини: Што можеме да научиме од нив?
Приказнава ја имате слушнато стотина пати – момче запознава девојка и тие имаат совршена врска, потоа не можат да ги средат работите, но сепак не можат целосно да се оддалечат еден од друг, па затоа се караат и се смируваат и така до бескрај. За среќа, оваа приказна не важи за сите, но за некои овие врски се премногу познати. За да ве спасиме од (понатамошна) болка, без разлика дали сте го искусиле ова или никогаш не ви се случило, ги изнајдовме вистините за ваквите врски.
1. „За малце“ не е доволно
Нешто што дефинитивно можете да го научите од ваквите врски е дека нема средина – или сте во врска или не сте. Да бидете на средина или да сте неодлучни на крајот ќе ве полуди.
2. „Она што е“ е многу поважно од „она што може да биде“
Нормално е кога сте во ваква врска да очекувате дека нештата ќе се подобрат и дека она што доаѓа е подобро од тоа сега, но покрај овие мисли постојат и „кога би“ мисли, кои не се баш супер да ги имате во главата, а нити да живеете според нив. Убаво е да го гледате најдоброто во луѓето и да го гледате нивниот потенцијал, но запомнете дека вие ја избирате сегашната верзија од нив, а не нивната верзија од иднината.
3. Проблемите нема да си заминат
Мислите дека кога ќе се смирите со бившиот сите проблеми исчезнале, но вистината не е баш таква. Можеби сте премногу среќни што сте се смириле, но ако времето, разговорот и промените помеѓу вас не се покажале како добри методи, тогаш за многу кратко време ќе ги почувствувате истите проблеми, истиот однос и за жал на крај – истиот крај.
4. За жал, љубовта не е доволна
Да не се разбереме погрешно, љубовта е важна. Од есенцијална и критична важност е навистина да сакате некого за да имате добра врска со таа личност, но љубовта не е единственото нешто што ви треба. Ви треба доверба, безбедност, почит, разбирање. Да, навистина е тешко да раскинете со некој што искрено го сакате, но чувствата не се доволни за успешна врска.
5. Постои „се смируваме“ и „ајде пак сè од почеток“
Има голема разлика помеѓу еднократното смирување (сте поминале некое време одвоено за да ги средите нештата и потоа се смирувате по години) и да бидете „парот кој постојано се смирува и раскинува“. Луѓето ставаат крај на врските и понекогаш го менуваат мислењето, па се смируваат и сè се средува, но има парови кај кои нештата се повторуваат одново и одново. Од ова има само еден исклучок – кога работите ќе дојдат до брак.
6. Може да се чувствувате несигурно
Нормално е дека кога сме помлади бараме забава и возбуда и сосема е логично тогаш да не трагаме по стабилен и безбеден партнер. Но, иако забавата и возбудата се супер, тоа сепак е нож со две острици – таквите мажи/жени се најчесто нестабилни. И додека постојано го/ја чекате да се одлучи (дали ќе раскинете, дали ќе го промени мислењето или пак ќе се карате за истите работи) вие всушност станувате сенка на сопственото јас, а тоа води до голема несигурност во себеси предизвикана од партнерот.
7. Делата зборуваат повеќе од зборовите
Зборовите се лесни, но делата бараат многу повеќе работа и дејствување – па затоа и повеќе значат. Кога станува збор за љубовните врски бидете сигурни дека го гледате она што партнерот го прави наместо она што го ветува. Смирувањето после раскинување може да биде толку тешко и исполнето со украсени зборови, извинувања и ветувања, што едноставно можете да претпоставите дека тоа така и ќе биде. Вистината е дека ако досега не било, нема да биде ни во иднина.
Да заклучиме: Она што било доволно големо и ве натерало да раскините еднаш, веројатно повторно ќе биде исто толку силно и повторно ќе раскинете. Без разлика дали „нешто недостасува“ или ја удирате главата од истиот ѕид од караници, може да почувствувате олеснување ако раскините засекогаш. Најважно е секогаш да ја знаете сопствената вредност и да не се задоволувате со помалку од она што го заслужувате.