Застрашувачко видео: Човек снимил како земјата дише

Додека патувал низ Нова Шкотска, Брајан Натал налетал на нешто што никогаш претходно го немал видено. Во средината на една шума, за време на ветровита дождлива бура, тој успеал да направи видео каде што може да се забележи како Земјата зема воздух длабоко. Целата оваа слика е застрашувачка затоа што она што ние сме го знаеле како цврсто и сигурно тло, одеднаш може да се претвори во нешто што дише само од себе. Во случај да сте се прашувале, вака изгледаат кошмарите во реалноста…

Според научниците, ова „дишење“ всушност настанува од откачени корења кои се движат под површината кога ветрот дува. Но, дури ни со овој факт настанот не изгледа помалку застрашувачко…