Земете длабоко воздух и почнете со читање: Вака изгледа породувањето во реалниот живот

Сподели

Секоја година, ширум светот се раѓаат милиони бебиња годишно. Иако раѓањето е нешто најприродно на светот, сепак голем број жени стравуваат од самиот процес бидејќи слушаат најразлични лоши искуства како страшна и долготрајна болка и други видови компликации кои можат да се случат за време на породувањето. Но, како тоа навистина изгледа?

Реклама

Породувањето е болно и тука нема ништо непознато. Експертите ни откриваат што точно се случува при целиот процес, како да ја намалите болката и како на време да ја препознаете со цел да можете да пристигнете до болница пред да почне самото породување. Препознавањето на контракциите е особено тешко доколку жената за прв пат станува мајка, бидејќи многу често има лажни контракции. Експертите велат дека тие се појавуваат поради затегнувањето на мускулите во матката, што е многу често и не треба да бидат причина за паника. Но, сите оние контракции кои се појавуваат во период од 10 минути или помалку, се вистинските.

Докторите исто така советуваат дека вие треба да продолжите да се движите и да правите вообичаени нешта. Исто така, кога ќе почнете да ги чувствувате раните контракции, многу е важно да јадете лесна храна со цел да имате доволно енергија за породувањето. Тие можат да почнат долго пред да дојде времето за одење во болница, понекогаш дури и неколку денови порано. Внимавајте доколку се појави силен млаз крв со светло црвена боја, ако почувствувате пукање на воденикот и истекување течности, ако бебето го забавило своето движење во стомакот или доколку имате грозница и силна главоболка – тогаш веднаш одете на доктор.rn

Колку е силна болката и колку долго трае?

rnЈачината на болката зависи од многу причинители, меѓу кои и позицијата на детето. Најчестата негова позиција е со главата надолу и лицето насочено кон ‘рбетот. Во тој случај породувањето воглавно се одвива брзо, а болката не е толку неподнослива. За време на породувањето многу е важно да се обидете да се опуштите, бидејќи така болките ќе бидат најслабо изразени. Болката значи и дека мускулите работат и го туркаат бебето кон излезот. Имајте на ум дека некои од тие мускули никогаш досега не работеле.rn

Епидуралната не е единствениот облик на олеснување болки

rnСтанува збор за локален анестетик кој се инјектира во грбот на трудницата со цел да ги „заспие“ нервите во ‘рбетниот мозок. Иако нема докази зошто, болките можат да се намалат и од топол туш, масажа на грбот и породување во вода, па дури и акупунктура. Од друга страна, постојат низа лекови против болки кои смеете да ги земете за време на породувањето, како и инјекции кои можете да ги примите. Постои и уред кој испраќа електрични импулси низ перниче кон грбот на трудниците, со цел да се блокира болката.rn

Бебето може да ги испразни цревата за време на породувањето

rnДоколку детето стане вознемирено за време на породувањето, тоа може да доведе до празнење на цревата. Првата столица знае да има жолтеникава, зелена или црна боја, а се состои од течности кои бебето ги проголтало за време на бременоста. Поголемиот дел од нив го исфрла тоа од себе во првите два дена по раѓањето и тоа е знак дека цревата добро работат. Од друга страна пак и на трудниците може да им се случи неконтролирано да ги испразнат своите црева за време на породувањето, бидејќи туркањето на бебето може да ги натера на тоа.rn

Папочната врвца понекогаш може да се замота околу вратот на бебето

rnВо тој случај трудницата ќе мора да престане да турка. Замотувањето на папочната врвца околу вратот на бебето не може да се спореди со давење бидејќи бебето сè уште не дише низ нос и уста, но секако треба да се одмота што побрзо со цел да не се намали доводот на кислород кон него.rn

Постојат големи шанси да има потреба од хируршки зафат на перинеумот

rnЕпизотомијата е хируршка инцизија низ перинеумот, ткивото помеѓу ректумот и вагината, кое најчесто се прави поради претпазливост со цел тој и матката да не пукнат на повеќе места во текот на раѓањето. Благодарение на овој рез, бебињата во некои случаи многу лесно излегуваат. Откако ќе заврши породувањето, овој рез се шие, но жените сепак таму чувствуваат непријатност и болка уште некое време потоа.rn

И плацентата мора да излезе

rnПо породувањето, низ вагината мора да излезе и плацентата. Во повеќето случаи таа сама излегува, но доколку не се појави, докторите ја вадат. Плацентата се одвојува од ѕидот на матката.rn

Понекогаш има потреба од царски рез

rnДоколку породувањето трае премногу долго или бебето е во некаков вид неволја, докторите знаат да посегнат по царски рез со цел детето побрзо да излезе. Тоа најчесто се случува доколку бебето е во чудна позиција. Од друга страна пак, некои трудници знаат однапред да договорат царски рез. Тоа се изведува со спинална анестезија, односно блокирање на преносителите на болката низ ‘рбетот. Жената е будна.rn

Кај некои жени се појавува пострауматски стрес

rnЕкспертите велат дека кога има тешко породување, во кое детето било во животна опасност, а жената изгубила многу крв, може да се појави и ова психолошко нарушување. Оние кои имаат пострауматски стрес, подоцна имаат обичај да ги избегнуваат сите нешта кои ги потсетуваат на породување и знаат да бидат нереално загрижени за здравјето на своето дете.

Популарно

Може ќе ве интересира