Љубовта нема филтер: Зошто дигиталните емоции не се реални?
Зошто да не пробате да најдете дигитална љубов? Сигурно би си рекле дека може да биде забавно. Па, да. Забавно е сè додека престане да биде забавно. Луѓето заглавуваат во дигиталните романси, најчесто поради темни причини. Тие ги спречуваат да се соочат со нивната несреќна реалност и ги користат како моментален лек во борба против осаменоста. Но, исто како и секој друг лек, така и од овој дејството по некое време поминува и потоа тие се чувствуваат многу полошо. Нивното срце се крши бидејќи го изгубиле својот совршен свет. А тоа е многу тешко за справување. Погледнете зошто овие врски најчесто немаат иднина и како тие влијаат врз вас…
Дигиталните емоции не се реални емоции
Станува збор за афера која не е изградена во реалноста. Таа постои дигитално, а дигиталните корења не растат длабокo. Па, ако дигиталните емоции не се вистински, тогаш зошто имаат толку силно влијание врз нас? Како е можно да имаме чувства за некоја личност која не ја познаваме и која скоро никогаш не ја гледаме со нашите проникливи голи очи? Бидејќи оваа личност живее во нашата фантазија, а многу е полесно да се заљубиме во нашата фантазија за совршена личност отколку во вистински човек со свој сет маани.
Фантазијата ги пополнува дупките кои не можат да се откријат од далечина
Кога вистински, живи и целосно реализирани луѓе кои дишат се наоѓаат пред нас, многу е тешко да ги проектираме нашите илузии врз нив. Тие имаат повеќе лица, многу маани и се несовршени мали суштества. Имаат свои мислења кои ги оформиле според своето животно искуство и ги посакуваат оние нешта кои можеби ние не знаеме ни дека постојат. Но, кога сте во контакт со личност која е далеку од вас, вашата фантазија ќе почне да надокнадува за дупките во сликата за оваа личност и одеднаш во вашиот ум ќе изградите личност која можеби воопшто не ни наликува на онаа вистинската која седи зад мониторот.
Дигиталната љубов е обликувана со различни филтри
Дигиталните чувства можат да нè натераат да помислиме дека сме длабоко заљубени. Многу е лесно да се препуштите на идеализирани емоции, бидејќи да бидеме реални, во дигиталниот свет никој не е онаков каков што е во реалноста. Ние во тој свет создаваме совршена верзија од нас, покажувајќи се во нашето најдобро светло и создавајќи идентитет кој постои само во нашата фантазија. Се претставуваме со илјадници филтри, резултирајќи со создавање слика која ни најмалку не нè отсликува. Па, ако ние не го правиме тоа, тогаш како би можеле да очекуваме дека тој или таа би биле исти како во реалноста? Токму затоа и оваа врска се гради врз фантазија и постои помеѓу две целосно имагинарни личности.
Во дигиталниот свет сите можат совршено да ги состават своите реченици
Кога станува збор за дигитална романса, постои време за размислување пред кој било одговор. Од друга страна, доколку разговарате во живо немате време да размислувате и често реагирате инстинктивно. Нема време да се одбере најсоодветниот одговор, ниту пак да се препрочитаат зборовите на соговорникот со цел убаво да се протолкува нивното значење. Кога зборуваме со некого во четири очи, ние ги кажуваме само оние нешта кои навистина ги чувствуваме. Оние нешта кои се најблизу до сировата вистината. Но, во дигиталниот свет секогаш ви пристигнува совршениот коментар или одговор, како и најсоодветното прашање. Имајќи го тоа на ум, дали сте сигурни дека токму тој или таа ви ги испраќа овие пораки или можеби некој од нивните пријатели се труди многу повеќе наместо нив?