8 најчести двоумици кога е кафето во прашање

Сподели

Кафето е задолжителен дел од денот на скоро секој човек. Утрото започнува со голема шолја кафе и благодарение на неа, сите ние сме барем малку подобри личности. Кој може да му одолее на фантастичниот мирис на кафето? Никој. Но што е со оние споредни ефекти кои кафето ги има врз нас, а за кои веројатно сите барем еднаш сме се запрашале? Еве ги одговорите на 8-те најчесто поставувани прашања во врска со пиењето кафе.

Реклама

rn

1. Дали кафето дехидрира?

rnЕден од најголемите митови за кафето е оној дека кафето дехидрира. Да, вистина е дека има мало влијание врз тоа колку уринираме со оглед на тоа дека кофеинот е природен диуретик, но тоа е сѐ кога станува збор за хидратацијата. Ова го докажува и истражување направено на 50 мажи чии резултати јасно покажале дека нивоата на течности во телото биле исти без разлика дали тие пиеле кафе или не.rn

2. Дали кафето влијае на слабеењето?

rnКофеинот е стимулант за кој се верува дека го забрзува метаболизмот. Но колку и да сакаме да веруваме дека пиењето кафе ќе придонесе кон нашата цел да ослабеме, не постои конкретен доказ дека е навистина така. Доколку се земе предвид дека тоа мало забрзување на метаболизмот е краткотрајно, како и фактот дека во поголем дел од времето кафето го конзумираме со додатоци како шлаг и шеќер, веројатноста дека со пиење кафе ќе ослабеме е многу мала.rn

3. Дали кафето е поврзано со заболување од рак?

rnЕдно од најчестите прашања поставувани за кафето кога тоа се поврзува со здравјето е тоа дали истото влијае на развивање на ракот. Иако долго се верувало дека кафето не е здраво, според Американскиот институт за истражувања за рак, кафето всушност се наоѓа на листата на храна и пијалаци кои треба да се конзумираат во борбата против ракот. Зошто? Поради високото количество на антиоксиданси кои ги содржи. Антиоксидансите ги штитат клетките во нашето тело и ги одржуваат здрави, со други зборови влијаат врз намалување на ризикот од заболување од рак.rn

4. Дали е кафето штетно за срцето?

rnОва прашање се однесува на фактот дека крвниот притисок малку се зголемува кога пиеме кафе. Сепак, станува збор за краткотрајно покачување на крвниот притисок кое е сосема безопасно сѐ додека не страдате од висок крвен притисок. Доколку сте меѓу оние луѓе кои имаат висок крвен притисок, многу е важно да обрнете внимание на тоа како кафето влијае на вас и за тоа да зборувате со вашиот доктор. Иако влијанието кое го има е минимално, сепак може да биде штетно доколку високиот притисок е присутен во вашиот живот.

rn

5. Дали кафето го качува нивото на холестерол?

rnДа, но само она нефилтрираното. Според истражувања направени во повеќе истражувачки центри, онаа супстанца од кафето која влијае на покачување на холестеролот се вика кафестол. Филџан нефилтрирано кафе може да содржи и до 4 мг кафестол што би влијаело на зголемување на нивото на холестерол за околу 1%. Но доколку го исфилтрирате кафето користејќи хартиен филтер, успешно ќе се ослободите од оваа супстанца. Ова е особено корисно за оние кои имаат високо ниво на липопротеини со ниска густина.rn

6. Дали кафето лечи мамурлак?

rnПосле бурната ноќ единствен лек се долгото спиење и одмор следниот ден. Но како што е очекувано, постојат работи кои можат да го олеснат процесот на лечење на мамурлакот. За жал, кафето нема да го излечи вашиот мамурлак, но може да ви помогне така што ќе го стимулира нервниот систем и ќе ви го подобри фокусот.rn

7. Дали кафето влијае на големината на женските гради?

rnКофеинот во кафето влијае на хормоните кои, пак, влијаат на големината на градите. Ова се резултати од истражување објавено во Британскиот весник за ракот, според кое жените кои пијат 3 или повеќе шолји кафе на ден имаат за 17% помали гради од оние кои пијат помалку кафе. И додека секоја шолја кафе малку по малку го зголемува ефектот, факт е дека градите не можат да исчезнат.rn

8. Дали кафето го спречува растот?

rnСе сеќавате кога како мали сакавте да пивнете од кафето на вашите родители, но не ве оставаа давајќи ви изговор дека од кафето нема да пораснете? Е па, тоа не е вистина. Кофеинот во поглед на ова прашање влијае така што минимално го одвојува калциумот од коските. Иако можеби звучи заплашувачки, ова не е воопшто сериозен проблем со оглед на тоа што губитокот на калциум од една шолја кафе може да се надомести со пиење две лажици млеко.

Популарно

Може ќе ве интересира