Во која ситуација треба да бидете херој, а во која не?

Во која ситуација треба да бидете херој, а во која не?

Сите сакаме да бидеме херои во секоја ситуација, но тој порив не е секогаш најдоброто решение. Еве три ситуации во кои посакуваме да ја отстраниме опасноста и да ја спасиме жртвата, но во врска со кои во воздух лебдат прашања околу оправданоста на таквата постапка.

Во која ситуација треба да бидете херој, а во која не?

1. Заканување со нож

Разоружување на вооружен човек може да биде последната работа која ќе ја направите во вашиот живот. Воопшто не е веројатно дека ќе успеете да го одземете ножот од напаѓачот. На крај можете да завршите само со повреди или евентуално со изгубен живот. Најмудрото нешто кое можете да го направите во ситуација кога сте сведок на напад со нож е да бидете бучни и да му дадете до знаење на напаѓачот дека ќе биде фатен. Тој се плаши од две работи: дека ќе биде повреден и дека нема да се извлече неказнет. Затоа во ваква ситуација најдобро е да набљудувате отстрана и да викате на цел глас дека сте повикале полиција.

2. Давење

Давењето на човек во вода е ситуација во која треба да бидете херој. Имате оправдување само ако не знаете да пливате. Многумина се колебаат дали да му помогнат на човек кој се дави поради тоа што ги слушале приказните за луѓе кои биле удавени од давениците кои инстинктивно го повлекуваат спасувачот надолу под водата. Иако оваa ситуација е можна, тоа сепак зависи од тоа кој од двајцата е посилен и подобар пливач, како и од начинот на кој го спасувате давеникот. Се препорачува давеникот да го фатите околу половината и, ако не сте многу сигурни во своите пливачки способности, со себе во водатa да понесете нешто кое лебди над неа.

3. Напад на куче

И при нападот на куче можете да сторите нешто, но само ако тоа го направите на вистинскиот начин. Немојте да ги користите рацете за да го оттргнете кучето од жртвата. Најдобро можете да реагирате од дистанца. Доколку ви се наоѓа при рака црево со вода, „бањањето“ ќе заврши одлична работа. Може да ви послужи и прачка, стап, чадор или нешто слично. Ако немате такво нешто во близина или ако немате време да го дофатите, немојте да ги ставате рацете во близина на главата на кучето. Наместо тоа, фатете го за задните нозе. Во тој момент тоа ќе го пренасочи својот гнев кон вас, но вие можете да го контролирате со мали повлекувања наназад или со мали завртувања на неговото тело додека му ги држите задните нозе во воздух.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар