Кучињата можат да препознаат лажговци на кои потоа не им веруваат

Кучињата можат да препознаат лажговци на кои потоа не им веруваат

Има нешто многу интересно во пријателскиот начин на кој младо куче им пристапува на скоро сите луѓе. Истото однесување може да се забележи и кај малите деца, кои ги започнуваат сите социјални интеракции со идејата дека на секој човек може да му се верува. Секако, со тек на време децата учат дека на некои луѓе може да им се верува, но на некои не. Новите истражувања го покажуваат истото и за кучињата.

Кучињата можат да препознаат лажговци на кои потоа не им веруваат

Две нови студии покажале дека доколку постојано ги лажете кучињата, тие ја губат довербата во вас и се однесуваат така што ви покажуваат дека не можат да се потпрат на информациите кои им ги давате. Овие студии кои биле објавени во журналот „Animal Cognition“ ни покажуваат дека кучињата ги користат информациите и ги следат заповедите само од оние луѓе на кои им веруваат.

Првата студија вклучувала 24 кучиња каде што во првата фаза, истражувачот им покажувал кон сад во кој имало скриено храна. Како што се очекувало, кучињата трчале кон тој сад и потоа добивале награда. Но, во втората фаза требало да се покаже дека на човекот не секогаш може да му се верува. Токму затоа, додека кучето гледало, истражувачот му покажувал дека под едниот сад има храна, а под другиот не и потоа му покажувал кон празниот. Кучето верувајќи му, веднаш одело натаму. Во третата и последна фаза од студијата, истражувачот повторно покажувал кон оној сад во кој имало храна.

Резултатите биле неочекувани и драматични. Во првата фаза, кучињата покажувале дека им веруваат на луѓето и поголемиот дел од нив оделе кон оној сад кон кој истражувачите им покажувале. Но, во третата фаза, откако тие научиле дека не може да му се верува на овој човек, само 8% отишле кон насоката во која тој им покажувал.

Дали кучињата научиле дека сите луѓе не се од доверба или пак, само таа личноста која еднаш ги излажала? За да го откријат одговорот, истражувачите го модификувале експериментот. Првите 2 фази биле исти, но за време на третата, нов истражувач го заземал местото на стариот, на оној кој ги измамил. Овој пат, и покрај тоа што кучињата еднаш биле излажани, тие оделе во насоката кон која им покажувал новиот истражувач.

Ова јасно ни дава до знаење дека тие не генерализираат, туку имаат способност да препознаат и да научат која личност ги лаже и на кого не треба да му веруваат. Токму затоа имајте на ум дека доколку го измамите вашето куче, тоа ќе запомни и има големи шанси да ја изгуби довербата во вас, а со тоа и да ја изгубите неговата соработка.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар