КАФЕ ПАУЗА

Што всушност му прави марихуаната на мозокот?

Што всушност му прави марихуаната на мозокот?

Според истражувањата спроведени од телата на Обединетите Нации дури 4% од светското население има пробано марихуана, што ја прави најчесто употребуваната дрога во светот. Има уште повеќе луѓе кои ја поддржуваат нејзината легализација и тоа е нешто кое веќе се остварува во некои земји. Сепак, дебатата помеѓу оние кои ја подржуваат и оние кои се против и понатаму е жестока и веројатно така ќе остане уште долго време.rnrnГлавниот аргумент на оние кои се против легализацијата е тоа што според нив „таа предизвикува зависност која потоа може да се претвори во зависност од други дроги, а законот треба да го заштити здравјето на луѓето“. За да се добие појасна слика околу нејзините ефекти и тоа колку навистина е поштетна во споредба со други штетни, но легални работи како алкохолот и брзата храна на пример, неврологот Џошуа Гоуин ги собрал сите релевантни студии на едно место. Потоа направил преглед и на краткотрајните и на долготрајните ефекти врз мозокот.rnrnШто всушност му прави марихуаната на мозокот?rn

1. Краткотрајни ефекти

rn

Нарушена меморија

rnМарихуаната не може да ви го избрише она што веќе сте го запомниле, но може да ве спречи да памтите онака како што би можеле без неа. Таа најмногу влијае на делот кој е задолжен за меморирање и го нарушува секој нејзин процес кој се обидува да создаде нови работи во паметењето.rn

Намалена вознемиреност

rnНад група пациенти со мултиплекс склероза бил направен експеримент така што им бил направен третман со марихуана и дури 89% од нив покажале намалено ниво на анксиозност после пушењето. Други истражувања покажале дека кога состојките од марихуаната ќе стигнат до мозокот, тие праќаат сигнали дека постои намалена опасност од работи кои обично предизвикуваат страв.rn

Нарушена моторна активност

rnМарихуаната најлесно влијае на делот од мозокот кој што е одговорен за моторната активност. Затоа марихуаната, исто како и алкохолот, предизвикува проблеми со движењето и е штетна ако се зема пред возење автомобил. Проценките се дека шансите за сообраќајна несреќа под дејство на марихуана се четири пати поголеми отколку кај трезен човек.rnrnШто всушност му прави марихуаната на мозокот?rn

Поголем апетит

rnМарихуаната поттикнува излачување на одредени хормони кои што го стимулираат апетитот. Оттаму и верувањето дека оние кои користат марихуана се склони кон брза храна.rn

Зголемен број на отчукувања на срцето

rnМарихуаната може да го зголеми бројот на отчукувања на срцето во една минута и до 50%, а со тоа и да го зголеми ризикот од срцев удар за 4,8 пати во првиот час по пушењето.rn

Промени во спиењето

rnГоуин нагласува дека не постојат цврсти докази дека канабисот предизвикува промени во спиењето, освен тоа дека корисниците поминуваат помалку време во РЕМ фазата и затоа помалку сонуваат. Постои верување дека пушењето предизвикува проблеми со заспивањето, но доказите кои постојат во моментов не можат да ги исклучат сите други опции.rn

Намалена болка

rnГолем дел од нервните клетки во нашиот организам кои испраќаат пораки до мозокот во врска со болката реагираат на марихуаната и подоцна „сфаќаат“ дека се случува нешто кое може да ја предизвика.rnrnШто всушност му прави марихуаната на мозокот?rn

2. Долготрајни ефекти

rn

Ризик од зависност

rnПогрешно е тврдењето дека пушењето марихуана ќе ве стави на патот кон зависноста од дроги од кој нема враќање, но дел од корисниците завршуваат и таму. Некаде околу 10% од сите корисници на марихуана стануваат и зависници од неа, и тоа во првите четири години од започнувањето. Од оние кои се обидуваат подоцна да ја излечат зависноста успеваат само околу половина од нив, при тоа манифестирајќи депресија и анксиозност при откажувањето.rn

Промени во развојот на мозокот

rnСпоред Гоуин тешко е да се испитаат промените во мозокот кои марихуана ги предизвикува кај луѓето поради тоа што таквите експерименти врз луѓето би биле неетички. Оние истражувања кои се спроведени укажуваат на тоа дека таа не може да го уништи мозокот, но оние што ќе почнат редовно да пушат уште во тинејџерските години ризикуваат одредени промени во мозокот кои негативно се одразуваат на нивната способност за памтење и коефициентот на интелигенција.