Дали мобилните телефони ни го „пржат“ мозокот?

Дали мобилните телефони ни го „пржат“ мозокот?

Користејќи специјална технологија за мерење на електромагнетната радијација, истражувачите откриле дека радиофреквентното поле кое се создава од вашиот мобилен телефон, предизвикува загревање на мозочното ткиво. „Ова е доказ дека вашиот мозок апсорбира радијација од мобилниот телефон“, вели авторот на истражувањето, проф. д-р Дејвид Галчекин, од истражувачката институција за третирање на заболени од рак „Memorial Sloan-Kettering Cancer Center (MSKCC)“.

Додека тој и неговите колеги не можат точно да кажат, колку е штетна или безбедна радијацијата од телефоните, Светската здравствена организација, ги класифицирала радиофреквентните зрачења како канцерогени, што значи дека изложувањето на овие зраци може да ве стави во ризик од заболување од рак на мозок.Дали мобилните телефони ни го „пржат“ мозокот?

Знам дека луѓето нема да престанат да ги користат мобилните телефони, но постојат неколку мерки кои можат да ги преземат, за да ја намалат нивната изложеност на штетната радијација – вели Дејвис. Еве кои се тие:

1. Далечината ви е пријател – постојано повторува Дејвис. Доколку проверите во упатството добиено со вашиот мобилен апарат, ќе забележите дека производителите како што се Епл и Моторола, ви препорачуваат да го држите вашиот мобилен телефон на најмалку 10мм оддалеченост од вашето тело, во секој момент, односно колку што е широко едно стандардно пенкало. Но, користењето хендсфри уред, е уште подобро.

2. Внимавајте кога мрежата има слаб сигнал. Мобилните телефони испуштаат поголеми радиофреквентни зрачења, кога се обидуваат да пронајдат сигнал – објаснува Дејвис. Ова значи дека, руралните средини или кое било место, каде што има слаб сигнал, е лош избор на локација за остварување телефонски повик.

3. Побезбедна е предната страна од апаратот. Доколку морате да го чувате мобилниот во вашиот џеб, тогаш ставете го со тастатурата свртена кон вашето тело. Електромагнетното поле шири радијација низ задниот дел од телефонскиот уред, така што штетното влијание ќе биде насочено подалеку од вашиот бут и другите сензитивни делови од телото.

4. Менувајте ги рацете и ушите. Додека разговарате, честопати префрлувајте го телефонот од едната во другата рака и менувајте го увото на кое слушате, за да го ограничите изложувањето на штетната радијација кон едната страна од вашата глава – вели Дејвис.

5. Кога повикувате број, пуштете ги звучниците. Радиофреквентното зрачење е најштетно, кога вашиот телефон се обидува да реализира повик, така што во тој момент е најважно да го држите подалеку од вашата глава, додека примачот не го прифати повикот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. darko Reply

    After that, WHO precised that “To date, no adverse health effects have been established as being caused by mobile phone use.[3] Some national radiation advisory authorities[4] have recommended measures to minimize exposure to their citizens as a precautionary approach.

  2. iFan Reply

    dosta interesni informacii

Остави коментар