Бескрајната маса од луѓе кои танцуваат, ритамот на самбата и шаренилото од костими, предизвикуваат експлозија од бои и звуци карактеристични за најмасовниот карневал во светот.
Ѓаволски добро пливање и рајски поглед, ви нуди бесконечниот природен базен на работ од Викториините водопади. Во периодот кога реката е со најнизок водостој, тој е мета на илјадници туристи.