Еколошкото училиште во Бали

Сподели

Џон и Синтија Харди се основачите на ова уникатно еколошки одржливо училиште, кое им нуди на учениците квалитетно образование во една малку поинаква средина и атмосфера. Училишниот кампус се наоѓа во Бали, Индонезија и целосно е направен од бамбус и од традиционалните балиски ѕидови од кал.Во него има училници, спортска сала, фудбалски терени, деловни простории, библиотека, кафулиња и интернат. Напојувањето на училиштето се врши преку природни извори на енергија, односно преку соларни панели и хидро-генератор.rnВо склоп на наставата учениците се вклучени во многу активности, како на пример: одгледување сопствени полиња со ориз, кои се во склоп на кампусот, правење чоколадо, пошумување на околината со бамбус и слично. Преку садењето бамбус, учениците вложуваат во продолжување на животот на училиштето и негово понатамошно ширење.
rn

„За една година успеавме да засадиме 15.000 семиња за бамбусни дрва. Според нашите проценки, за рок од околу 7 години, би пораснале 1.500.000 бамбуси што е сосема доволно за 150 нови згради“ – Џон Харди

Реклама

rnГлавната зграда на училиштето во која се наоѓаат неколку училници и лаборатории, библиотеката и канцелариите е направена од 2.630 бабусни дрва и чинела 225.000 долари.rn

rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира