Зошто недостатоците се всушност ваши предности?

Зошто недостатоците се всушност ваши предности?

Размислете за момент што е она што ве прави уникатни. Што е она што прави да се чувствувате различно од другите луѓе околу вас? Немојте да мислите дека не сте уникатни, бидејќи тоа никогаш не е точно. Се разбира, можеби не сте еден во милион, но размислете со што се истакнувате над вашите колеги и пријатели. Не мора да биде ништо екстремно, но сигурно постои некоја особина.

Зошто недостатоците се всушност вашите предности?

Можеби станува збор за одлика за којашто не сте многу воодушевени. Можеби сте срамежливи и не сакате гужви. А можеби пак сте многу добри писатели или комичари. Можно е да сте многу попаметни од луѓето околу вас.

Прифатете ја вашата уникатност

Многу често луѓето се срамат од она во што се добри бидејќи ја гледаат таа одлика како недостаток. Без разлика кој е вашиот „недостаток“, има начин да го употребите во ваша корист. Денес, со доволно време и труд, можете да го изградите целиот ваш живот околу вашата страст. Сите луѓе сакаат различни работи, па можеби нештото што вие го сакате другите не можат да го поднесат. А ова е предност за вас. Некои луѓе сакаат броеви и решавање проблеми, други сакаат градинарство и готвење. Прифатете ја вашата уникатност и дозволете ѝ да ве води.

И неуспехот е напредок

Дури и ако се обидете да направите нешто и не успеете, сепак сте на подобро место. Ако навистина сакате да ја постигнете целта, ќе ѝ се вратите и ќе продолжите да учите. По неуспехот можеби ќе сфатите дека таа цел не е она што навистина го сакате, па ќе си дадете мир знаејќи дека сте се обиделе. Ако доживеете неуспех за нешто што навистина го сакате, можеби ќе бидете обесхрабрени, но ќе прифатите дека сите мора да почнат од некаде. Ќе се обидувате повторно и повторно, сè додека не го постигнете посакуваното. Подоцна ќе бидете благодарни на себе за целиот труд.

Размислете за разликата помеѓу личност родена во богато семејство и личност родена во сиромаштија. Можеби првата личност никогаш нема да мора да работи и целиот живот ќе може да се релаксира. Сиромашната, од друга страна, ќе мора напорно да работи за што било. Но, напорната работа е како вежба за вашиот мозок. Ќе ви ја зајакни способноста за благодарност и чувството на исполнетост. Дали некогаш навистина сте направиле нешто што физички ве истрошило? Кога сте се чувствувале подобро, пред или потоа? Можеби животот на богатата личност е полесен, но вистинската цел е чувството на исполнетост.

Соочување со стравот

Вашиот страв укажува на голема желба и нема да исчезне освен ако не се соочите со него. Игнорираниот страв може да избледи и да се претвори во жалење. Кога ќе размислите за вашиот страв, ќе сфатите дека дури и најлошото сценарио не е толку лошо. Вашиот страв никогаш не може да се мери со она што го губите доколку го слушате и не се обидете. Има толку многу што можете да постигнете, а толку малку да изгубите. Па, направете го следниот чекор уште денес, без разлика кој е.

Дознајте и како да се засакате себеси во целост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар