Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“
Автор: Моника Трајковска
За оваа пролет, долгогодишниот фотограф задолжен за маркетинг кампањата на „Guess“, Елен Вон Анверт и моделите Амбер Херд и Силву Тулу, отидоа на интересна авантура за да ја претстават новата пролетна колекција за 2012. Необичната маркетинг идеја е кратка приказна за морнар кој ќе се заљуби во девојка и ќе се обидува да ја освои додека тие се изгубени на море. Тие налетуваат на прекрасен тропски остров каде што тој ќе успее во својата намера и нивната романса страсно ќе започне. Неверојатните црно-бели фотографии, кои се заштитен знак на „Guess“ одлично ја доловуваат новата љубов на двајцата изгубени која малку наликува на Холивудските приказни од златните години.
Идејата на оваа реклама е да се однесе публиката на место покрај море, далеку од студената зима и да се приближи до топлите пролетни денови кои доаѓаат. Колекцијата главно е инспирирана од модата во 60-тите, но има и некои современи додатоци.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Da go zimish odma zemi go