Женствени и слатки: Модни комбинации кои ќе посакате да ги облечете во текот на топлите денови
4. И парчињата облека во бохо стил се исти. Широки панталони, кошули, римјанки, лелеави и разиграни фустани со цветни мотиви, мораат да се пронајдат во вашите задолжителни модни комбинации за ова сезона.
5. Голи раменици, здолниште во нежно розова боја, можеби локни и некое парче накит кое изгледа нежно и не толку впечатливо, ќе ви дадат совршена модна комбинација за вечерна прошетка по кеј или низ градот, но можете да ја искористите и како работна модна комбинација доколку не морате да изгледате премногу формално.
6. Што е поженствено од „балерина“ здолништата? Да, нив можете да ги носите и кога ќе пораснете, без никаков проблем. Иако потсетуваат на девојчиња кои сакаат да изгледаат како принцези, во нив сепак ќе изгледате како модерна принцеза, привлечни и нежни, со доволна доза на романтичност во вашиот изглед.
7. Шарениот краток фустан, кратка тексас јакна, балетанки или рамни сандали… Целата комбинација надополнете ја со очила за сонце и чанта. Ќе имате комбинација која ќе им се допадне на сите, и во која ќе изгледате навистина модерно и убаво.
Бидејќи летото е одлично време за експериментирање, ви предлагаме неколку совети со кои ќе создадете оригинални и впечатливи вечерни модни комбинации.