Вистинските причини за вашите проблеми со концентрацијата
Мал помошник
1. Рузмарин
Самото мирисање на рузмаринот значително ја подобрува концентрацијата. Ова билка содржи повеќе од дваесет антиоксиданси, вклучувајќи ги и ферулната и карнозинската киселина. Освен тоа што се прави чај од неговите листови, рузмаринот може да се користи и за одлични релаксирачки и миризливи купки и шампони.
2. Физичка активност
Освен тоа што ќе ја исфрлите негативната енергија и ќе изгледате добро, вежбањето ќе му помогне и на вашиот ум. За негова подобра состојба можете да пробате јога или вежби кои поволно влијаат на концентрацијата.
3. Мед
Правилната употреба на медот има добро влијание на целиот организам, па и на самиот мозок. Кога го купувате, добро распрашајте се од какво потекло е, бидејќи обично купечкиот мед е неколкупати топен при што ги изгубил сите свои добри својства. Вистинскиот мед содржи високо ниво на гликоза и фруктоза и така на вистински начин ги храни мозокот и срцето. Колку е медот потемен, толку е побогат со минерали.
4. Активирајте го мозокот
Ако го вежбате мозокот, тој може да порасне и да ги натера клетките меѓусебно да создаваат нови, на тој начин подобрувајќи ја комуникацијата помеѓу себе. Во кратки црти, шахот и читањето се само дел од добрите активности за вашиот мозок. Можете да имате и доста користи и ако се потрудите да научите некој странски јазик или да измислите некое хоби. Клучот е да го правите тоа редовно. Кога станува збор за концентрацијата, можете да ја користите или да ја изгубите.
5. Музика
Има многу луѓе кои сакаат да работата со музика, но исто така грешат, бидејќи ги пуштаат своите омилени песни кои всушност им го одвлекуваат вниманието. Невролозите тврдат дека за концентрација најдобра е релаксирачка музика без зборови, која ќе го подготви мозокот за одредена задача. Вистинското упатство гласи вака: Најпрво слушајте музика околу 10 минути, а дури потоа започнете со работа.
6. Вистинско црно чоколадо
Поголемиот дел од луѓето околу пладне чувствуваат замор и помалку концентрација, а тоа најмногу се однесува на вработените и студентите. Меѓутоа, според истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина, црното чоколадо кое содржи 60% какао, за наша среќа, покажало врвни резултати токму кога е во прашање подобрувањето на концентрацијата.