Вистинските хероини

Вистинските хероини

Планетарно популарна музичка ѕвезда изјавила дека сама им прави фризури на децата и сама им ја средува облеката. И тоа беше вест на денот на многу од оние трачарски портали задолжени за перење умови… Вау, сама им правела фризури на НЕЈЗИНИТЕ деца, леле, сакам да бидам како неа кога ќе пораснам!

Вистинските хероини

Нашите мајки ни правеле фризури, ни купувале облека, бдееле над нас за време на секоја болест и настинка, не пропуштиле речиси ниедна родителска средба, се грижеле и сè уште се грижат за нашата иднина, ќе ни се развикаат од љубов, нè гледаат со гордост, им навираат солзи во очите за секој наш успех макар и најмал и навидум небитен… и што уште не, нема шанси да успеам да набројам макар половина од она што го направиле за нас и она што уште го прават… а ние на кого му се восхитуваме? На музички ѕвезди, актерки, стралети (Бог да чува, другиве барем прават нешто,  неа да ја прашаш нема да знае да ти одговори зошто е позната)… Тоа се нашите идоли? Жени со петстотини фризери и стилисти (па да, баш се природно убави). Не, драги мои, нашите мајки се хероини! Ако треба ќе одат со ланската облека и нема да си дозволат ни најмал луксуз за ние да го имаме она што ни треба. Па не ми е ни на крај памет да вреднувам некоја друга жена повеќе од онаа која си ја викам мама.

Не дека не би требало да имаме омилени познати личности, еве лично јас сум огромен фан на многу позната пејачка. Но она што ми смета, она што ми е трн во око, е тоа што во нашето општество врие од девојки (на секаква возраст), кои секогаш на прво место на пиедесталот ставаат некакви си старлети, а не гледаат што сè некој друг направил за нив.

Ќе живееме поздрав начин на живот тогаш кога ќе сфатиме дека вистинските херои и идоли на кои би требало да се огледуваме се тука околу нас. Тоа се нашите мајки, тетки, стрини, баби, пријателки… Вистински херои сме ние, обичните луѓе, кои го живееме нашето секојдневие, но многу често се однесуваме како да имаме надприродни моќи. Во моите очи, мајка ми многу често се однесувала како да има надприродни моќи. Сетете се на жените со кои вие сте опкружени, нели се вистински хероини?

Да се надеваме дека ќе бидеме способни да бидеме херои за нашите семејства во иднина.

До следното читање,

Вашата Ели.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар