Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

Автор: М. Давидовска

Овој брз ритам на живеење секојдневно ни создава чувство на депресија, огорченост, незадоволство, завист и љубомора. Дали сте се запрашале која е причината? Сè е до вашата психа! Затоа се потрудивме да ви одвоиме неколку совети кои ќе ви помогнат да започнете да работите на себе и да ја користите моќта која ја поседувате.

Постојат разни теории за позитивното размислување. Природниот закон на енергијата која постои во сите нас, која не поврзува, која ја шириме во правец на позитивно или пак негативно влијание кон другите и кон самите себе, е енергија која никогаш не умира, туку само ние, како дел од неа можеме да ја менуваме, да делуваме на најразличен начин. Позитивната енергија е извор на сите убави случувања, на нашата насмевка, на среќните и весели мигови и на исполнување на сите цели кои си ги задаваме во животот. Позитивната енергија не се купува, не се добива со посебно знаење, туку потребна е само желба и упорност за да ја достигнете.

За почеток верувајте дека во вашата личност се крие голема сила и ослободете ја!

Замислете си што сакате да бидете и постигнете го тоа. Помислете дека токму во овој момент ви се случува таа промена.

Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

Исфрлете го од употреба зборот „невозможно“!

Најдете ја неговата вистинска примена, а во вашиот речник внесете и применувајте го почесто исказот „јас можам“. Често употребуваните зборови со негативна конотација предизвикуваат да ви се случат работи кои не ги сакате.

Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

Не сомневајте се во вашите способности!

Во моментот на разочарување, насочете ги мислите на позитивната страна и верувајте дека во вас постои Џин и изнесете го на површина.

Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

Полетот е клуч за долга младост

Живејте како млади сега и секогаш. Па дури и старецот, доколку верува во себе и својата способност, започнувајќи го денот полетно, тој ги завршува работите со успех.

Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

Самодовербата нека го засени чувството на неспособност

Тајната на успехот е: нема тајна на успехот! Вие ја поседувате способноста да успеете. Хранете и одржувајте ја вашата самодоверба. Доколку нешто не можете да го завршите сами, тогаш бидете сигурни дека постои некој околу вас што се грижи за вас и е тука да ви помогне во сè и секогаш!

Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

Неверојатната моќ на имагинацијата

Обидете се да замислите како сакате да изгледа она што планирате да го започнете. Не сме сите големи фантазери, но можеме да се потрудиме да замислуваме убави работи, секојдневно накратко да ѕиркаме во замислениот „розов свет“. Бидете искрени, верувајте, трудете се и ќе остварите!

Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

Не оставајте простор за паника!

Во моменти на стрес и напнатост, не дозволувајте паниката да ве обземе, смиреноста ќе ви помогне разумно да постапите, да се справите со ситуацијата и да изнајдете решение. Стравот е демонски плод, па затоа заборавете го засекогаш тој збор бидејќи не постои ништо од што треба да се плашите!

Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

Барајте го решението во иднината!

Никогаш не присетувајте се на пропуштените можности, лошите моменти, размислувајте на иднината и пронајдете ги решенијата на проблемите во неа. Трудете се да ги видите новите можности кои ви се пружаат.

Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

Вие сте поголеми од вашите проблеми

Оживејте го спортскиот дух и со негова помош хранете ја вашата психа со мисли кои ќе ви помогнат да се искачите и на највисокиот врв! Погледнете околу себе и црпете енергија од сето она што ве опкружува. Променете ги своите мисли и пристапете со позитивен став – од тој момент ќе почнете да ги доживувате „чудата“!

Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

Вашиот ум е предуслов за успех. Дозволете и на позитивната мисла да внесе радост во вашиот живот, само вие можете да направите од себеси човек за кој „розовиот свет“ ќе биде светот во кој живеете. Пронајдете го во себе непресушниот извор на позитивната енергија, изворот на среќата, љубовта, успехот, топлина и пријатност и ширете ја наоколу, така вие и сите луѓе околу вас ќе бидат среќни и задоволни!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. hristina Reply

    Koga sekoj tret bi se soglasil i prifatil
    togas navistina bi bilo se rozevo i mn.sto vozmozno.

  2. Сантиаго Reply

    Колку и да не се трудиме да го постигнеме се тоа што е овде пишано со самото читање на ова што е напишано ги достигнуваме тие позитивни чуства…потребни се повеќе вакви позитивни дела и совети затоа што помагаат ако не долго барем додека се читаат душата се исполнува 🙂

  3. emilija Reply

    Poubav tekst mislam nemam procitano vo zivotot ! BRAVO za avtorot potpolno se soglasuvam

  4. Ico Reply

    Всушност ме преокупира и воодушевува вистинатм, но истовремено ме разочарува фактот што со истата душмански се манипулира и се изврдува! Вероватно причина за тоа е фактот што постојат море од вистини кои создаваат хаос. Прашање е сега, за потребите на посреќен живот за луѓето, како да се дојде до суштинската и објективна- емпиричка вистиба во постојниот хаис!?

  5. Vi blagodaram Reply

    Tekstot e prekrasen i me natera da gi poglednam rabotite od drug agol.Jas sum mnogu mlada i bev dosta razocarana od se,no sega gledam deka mojot rozov svet e svetot vo koj ziveam.Se sto treba e sama da go naprav rozov.Navistina od ovoj tekst ja najdov pozitivnata stranata na zivotot i nep[resusniot izvor na pozitivna energija

Остави коментар