Видови храна кои ја спречуваат појавата на брчките (вклучено е и чоколадо!)
9. Јогурт
Истражувањата покажале дека јогуртот содржи пробиотици кои не само што се добри за целото тело, туку исто така го намалуваат и црвенилото предизвикано од алергии или инфекции. Ова ферментирано млеко е пријател на вашата кожа!
10. Мед
Медот ви помага во одложување на процесот на стареење, а можете да го вклучите како дел од вашата исхрана или да го претворите во маска за лице – и во двата случаи тој ќе направи чудо.
11. Риби
Рибите се богат извор на омега 3 масни киселини кои се добри за срцето. Маснотиите од рибите помагаат за хидрирање на кожата и го спречуваат нејзиното сушење. Најдобар извор на омега 3 масни киселини се сардините и лососот.
12. Целер
Истражувањата покажале дека луѓето кои редовно консумирале целер, имале помалку брчки во споредба со оние кои не го јаделе. Тој е богат извор на витамин Е, витамин Ц и бета-каротен, па помага и во одржување на здрава кожа. Но, бидете сигурни дека ќе најдете органски одгледуван целер, со цел да имате максимални придобивки.
13. Кромид
Кромидот содржи кверцетин, кој се смета за еден од најдобрите хранливи материи кои помагаат во спречување на појавата на брчки. Освен тоа, кромидот исто така содржи и сулфур и витамин Ц кој помага во одржување на мека и еластична кожа. Покрај тоа, кромидот е здрав за целото тело.
14. Аспарагус
Покрај тоа што е многу вкусен, аспарагусот е и храна која многу помага во спречувањето на појавата на брчките. Дури и да се одгледува неоргански, пестицидите кои ги содржи аспарагусот се мали. Сепак, добро мијте ги откако ќе ги купите, затоа што долниот дел од аспарагусот може да содржи многу нечистотии.
15. Јаболка
Освен тоа што нуди и многу други здравствени придобивки, јаболката може да ви помогне и во борбата против брчките. Заедно со витамин Ц, јаболката исто така содржи и кверцетин кој прави тие да бидат одличен борец против несаканите брчки.
16. Спанаќ
Храната која му дава енергија на Попај од цртаните филмови, може и за вас да направи чуда. Спанаќот е богат со витамин Е, витамин Ц и бета-каротен, а и други состојки кои се одлични за оние кои сакаат здрава и силна кожа.