Учете од нив: 3 реченици што сите успешни жени ги кажуваат без страв!

Учете од нив: 3 реченици што сите успешни жени ги кажуваат без страв!

Што ги разликува успешните жени од оние што не успеваат да ги надминат потешкотиите и препреките во животот? Размислувањето, секако! Вашиот став може да ви помогне да стигнете далеку во животот и иако нема да биде лесно, сепак ќе можете да постигнете многу повеќе одошто сте мислеле дека е можно. Во продолжение следуваат 3-те најмоќни реченици што секоја жена треба редовно да ги изговара…

uchete-od-niv-3-rechenici-shto-site-uspeshni-zheni-gi-kazhuvaat-bez-strav

1. „Моето мислење е…“

Станува збор за реченица со коишто на сите ќе им покажете дека сте вистински лидери, жени што се трудат и што секогаш наоѓаат решенија за проблемите. Според едно британско истражување, работодавците обожаваат да работат со ваков вид жени со визија, бидејќи само тие на долг рок можат да успеат. Исто така, тие ги преферираат и оние дами што не се плашат гласно да го кажат тоа што го мислат, особено кога е логично и поддржано со факти.

2. „Ми треба помош“

Никој не знае сè, но тоа не значи дека не може да се научи. Затоа немојте да се плашите да барате помош. Не треба воопшто ни да објаснувате зошто ви е потребна, само треба да сфатите дека тоа е нешто сосема нормално и дека воопшто не е срамота да ја побарате. На тој начин ќе научите нешто ново и ќе им покажете на сите дека сте спремни за брзо напредување.

3. „Направив грешка“

Признавањето грешки е голем човечки квалитет, како во приватниот живот, така и во професионалниот. Можеби признанието нема да ви помогне да не чувствувате вина, но со негова помош ќе добиете почит што на никој друг начин не може да се заработи, бидејќи со овие два збора им покажувате на луѓето дека сте свесни за вашите дела и последиците од нив.

Погледнете ги и овие 6 ментални блокади што ги спречуваат модерните жени да бидат успешни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар