3 нешта кои мора да ги прави секоја жена после секс

3 нешта кои мора да ги прави секоја жена после секс

Знаете што треба да правите пред и за време на односот, а еве и неколку нешта кои мора да ги правите после секс…
0-tri-neshta-koi-mora-da-gi-pravi-sekoja-zhena-posle-seks-kafepauza.mk

1. Да го употребите тоалетот, но само ако навистина мора да одите по нужда

Сигурно сте слушнале дека одењето во тоалет веднаш после секс ќе ви помогне да ги избегнете инфекциите на уринарниот тракт, затоа што се измива бактеријата ешерихија коли, која можеби се придвижила кон мочниот канал за време на сексот. (Една во пет жени се справува со непријатни инфекции барем еднаш во животот и за некои жени тие можат да станат постојан проблем.)

Но, според експертите и истражувањата, мокрењето веднаш после секс како заштита не е ништо повеќе од мит. Затоа, ако немате потреба да одите во тоалет веднаш после однос, не мора да брзате – почекајте до моментот кога навистина треба да одите, без разлика дали е 20 минути или еден час подоцна. Наместо тоа, останете во кревет и направете го следното нешто:

2. Резимирајте што се случило – прво во главата, а потоа и на глас

Вратете си го филмот наназад. Ако сексот бил добар, размислете што е она што го направило да биде таков и потоа кажете му на партнерот кои допири и потези ви се допаднале, додека сѐ уште ги паметите. Моментите после секс се најдоброто време за да зборувате за него, затоа што потоа може да ви биде чудно и непријатно да го спомнувате. Ако ова не била најдобрата изведба на партнерот, тогаш добро е да разгледате што не било во ред, но тоа да го направите подоцна.

Уште едно нешто што може да ја подобри врската (во само 90 дена, според едно истражување) е да останете интимни во пост-секс периодот. Едно истражување објавено во Архивата за сексуално здравје покажува дека разменувањето нежности (од прегрнување до допирање, а дури и разговор) после секс е поврзано со задоволството во сексот. Истражувачите исто така откриле дека паровите кои се обиделе да разменат нежности и љубовни гестови после секс за време на студијата, три месеци подоцна имале подобар сексуален живот и поголемо задоволство.

3. Забележете ги нормалните непријатности и оние кои не се нормални

Некогаш настанува болка за време на сексот – двете основни непријатности кои може да ги забележите одвреме-навреме се: болката која се создава поради недоволно навлажнување и подлабоко чувство кое може да биде предизвикано од проблеми како: тврда столица, спазам на мускулите, или доколку партнерот ви ги погодува јајниците (поверојатно ако овулирате, затоа што за време на овулација се зголемува големината на јајникот).

Ако често имате непријатности за време на секс, тогаш тоа не е нормално. Особено ако чувството трае повеќе од неколку часа и не е сразмерно со жестината на сексот. Ако ви се случува вакво нешто, консултирајте се со доктор затоа што може да биде знак на посериозни проблеми како цисти на јајниците, фиброиди, ендометриоза или поретко, гинеколошки карцином.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар