Тест: Каков е вашиот стил на облекување
Во модата не постојат правила. Важно е тоа што го носите да биде удобно, да ви се допаѓа, да одговара на обликот на вашето тело и карактер. Секој од нас би требало да има и негува свој единствен и препознатлив стил на облекување.
Тестот кој следува ќе ви помогне да го одредите вашиот стил, се разбира, доколку одговорите објективно. Отворете нов текстуален документ на вашиот компјутер или земете лист и пенкало и запишувајте настрана.
1. Најдобро се чувствувате облечени во:
а) долг провиден фустан
б) кошула и плетени џемпери
в) облека која е во тренд
г) фармерки и обична маица
д) тренерка
2. За викенд најмногу би сакале:
а) да одите со партнерот на романтичен викенд
б) да играте тенис во клубот
в) да пиете кафе во некоја кафетерија
г) да направите вечера за пријателите
д) да отпатувате некаде со целото семејство
3. Кој моден додаток најчесто го носите:
а) шнола за коса
б) бисерен ѓердан
в) модерна чанта
г) големи очила за сонце
д) класична чанта
4. Која боја е најзастапена во вашата гардероба:
а) бела
б) сина и интензивни бои
в) црна
г) неутрални и неупадливи бои
д) повеќе бои, но повеќето се неутрални
5. Кои чевли би ги носеле секој ден:
а) балетанки
б) мокасини
в) со високи потпетици
г) со рамни потпетици
д) патики
Резултати:
Најмногу одговори под а):
Вие сте боемски тип кој сака да се облекува во удобна и поромантична облека, како што се топ, здолниште или фустан. Сакате да сте убави, но и да ви биде удобно. Голем дел од облеката што ја носите преку ден ја облекувате и за вечерно излегување. Белата облека ви е омилена, како и облеката во есенски бои, а тиркизните додатоци ги користите за освежување на комбинациите.
Најмногу одговори под б):
Негувате младешки стил на облекување, поради што луѓето мислат дека сте помлади одошто сте. Сакате да носите поло маици, кои ги комбинирате со елегантни пантолони или хеланки. Ваши омилени бои се морнарско сина, нежно зелена и розова. Понекогаш во зависност од расположението одбирате облека со впечатливи мотиви.
Најмногу одговори под в):
Следбеник сте на модата, сакате да се облекувате убаво и да шетате со пријателките за да бидете видени. Обожавате чевли со високи потпетици и облека од познат бренд. Знаете како да ја комбинирате облеката и секогаш да изгледате совршено дотерани. Најзастапена боја во вашиот плакар е црната, бидејќи најлесно се комбинира.
Најмногу одговори под г):
Облекувањето не ви е важен фактор во животот, но сепак сте секогаш дотерани. Се облекувате во проверени комбинации, како фармерки, кошули и сако, а за вечерно излегување го имате омилениот црн фустан. Поголемиот дел од облеката ви е во неутрални бои.
Најмногу одговори под д):
Вие сте практична личност на која стилот на облекување и е подреден на обврските. Немате многу време да размислувате за стилот, па затоа и за вечерното излегување нема да вложите многу труд. Едноставни пантолони и темна маица ќе биде вашиот избор за таа пригода. Вашата облека е во темни бои.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ih в 🙂
d,pa g
v i d, nereseno 🙂 no kako i da e se pronajdov i vo dvata rezultati, zavisno od raspolozenieto….sepak najbitno e deka crnata boja mi e omilena :)))
pogodeno….v)
:):)
v 🙂
pogodeno e se
сите одговори под Г хаха
hahah deka ste be pilci