Суптилни гестови со кои ќе ги натерате другите да ви веруваат

Суптилни гестови со кои ќе ги натерате другите да ви веруваат

Луѓето се единствените примати кои ја покажуваат белката на нивните очи. Токму ова ни дава уникатна палета на сигнали кои ни помагаат да комуницираме само со нашите очи. Кога ќе го знаете значењето на разните сигнали и како да ги испраќате истите, другите многу полесно ќе стекнуваат доверба во вас и ќе ве сакаат уште при првата средба.

Затворени и отворени зеници

(1)suptilni-gestovi-so-koi-kje-gi-naterate-drugite-da-vi-veruvaat-kafepauza.mk

Можеби сте забележале дека вашите зеници се отвораат и затвораат со промената на вашето расположение. Кога сте возбудени за нешто, зеницата може да се „зголеми“ дури за 4 пати. Спротивно на тоа, кога сте гневни или кога имате какво било негативно расположение, вашите зеници се затвораат. Можете да го контролирате отворањето на зениците со цел да покажете интерес кон вашиот соговорник. Дефокусирајте го погледот и замаглете го најмногу што можете. Ќе знаете дека сте успеале ако чувствувате дека вашите очи се релаксирани.

Подигање на веѓите

(2)suptilni-gestovi-so-koi-kje-gi-naterate-drugite-da-vi-veruvaat-kafepauza.mk

Подигањето на веѓите е несвесен сигнал кој трае само 1/5 од секундата. Ова е суптилен, но ефективен гест кој укажува на поздрав. Нормално, нема да ги подигнете веѓите доколку се сретнете со некој странец. Но, ако сакате да се запознаете со странецот, пробајте го овој едноставен гест. Најверојатно и тој ќе ви врати со подигање на веѓите и со мала насмевка. Некои луѓе може и ќе ви пристапат и ќе започнат разговор со вас.

Држете ги очите отворени и немојте да се муртите

Многу е лесно да ги затвориме очите до половина и да направиме намуртен израз на лицето, особено кога сме зафатени со нешто. Но, неодамнешните истражувања покажале дека со овој израз изгледаме како да сме уморни или во лошо расположение. Луѓето го поврзуваат заморот со лоша комуникација. Па, не треба да ве изненади фактот дека ако не изгледате „будно“ луѓето потсвесно ќе помислат дека сте помалку интелигентни. На кратко, држете ги очите отворени и бидете насмеани секогаш кога можете.

Користете ги веѓите за да искажете авторитет или потчинетост

(3)suptilni-gestovi-so-koi-kje-gi-naterate-drugite-da-vi-veruvaat-kafepauza.mk

Спуштените веѓи укажуваат на авторитет. Џон Ф. Кенеди имал таканаречени „спуштени веѓи“ кои му давале авторитативен (и загрижен) изглед кој имал позитивно влијание кај гласачите. Ако немате спуштени веѓи, но сакате да покажете авторитет, можете да ги постигнете тоа така што ќе ги направите веѓите погусти.

(4)suptilni-gestovi-so-koi-kje-gi-naterate-drugite-da-vi-veruvaat-kafepauza.mk

Од друга страна, „високите“ веѓи укажуваат на потчинетост, но и заводливост. Доколку сакате да испраќате ваков сигнал, обликувајте ги и направете ги вашите веѓи потенки.

Стеснете ги очните капаци и фокусирајте го погледот за да покажете авторитет

На многумина одвреме-навреме им е потребно да покажат авторитет. Ако имате нежен и „мек“ поглед, но сакате да покажете авторитет, можете да го искористите „погледот на моќта“. Кога го гледате соговорникот немојте премногу да трепкате. Малку стеснете ги вашите очни капаци и фокусирајте го погледот кон вашиот соговорник. Со ова ќе ја демонстрирате вашата доминација.

За да покажете потчинетост наведнете ја главата и погледнете нагоре

(5)suptilni-gestovi-so-koi-kje-gi-naterate-drugite-da-vi-veruvaat-kafepauza.mk

Како што е корисно покажувањето моќ и доминација, исто толку важно е и покажувањето потчинетост. Ова е метод со кој ќе ја стекнете довербата на другите. Едноставно наведнете ја главата и погледнете нагоре. Со овој гест вашите очи изгледаат поголеми и вие добивате „невин“ или „детски“ поглед. Многу е полесно да го изведете овој гест ако сте пониски од вашиот соговорник, во спротивно можете да го пратите сигналот додека седите. Се разбира, немојте да претерувате бидејќи гестот ќе ја изгуби суптилноста.

Немојте да трепкате премногу или премалку

И двата геста се како знак за предупредување за соговорникот. Ако трепкате премногу ќе изгледате нервозно и под притисок, додека бавното трепкање дава знак дека ви е здодевно или дека се чувствувате супериорно. И пријателите и странците потсвесно ги примаат овие сигнали, па ако сакате да стекнете нечија доверба, трепкајте нормално.

Контактот со очите нека биде 60-70% од разговорот

Ако постојано го гледате соговорникот во очи може да му биде непријатно. Ако воопшто не го погледнувате, ќе изгледате исплашено. Сигурно имате забележано дека ви е потешко да му верувате некому што многу малку ве погледнува во очи додека разговарате. Исто така избегнувајте очила со темни стакла кога разговарате со некого, бидејќи соговорникот може да помисли дека постојано гледате во него или пак, дека се обидувате да го избегнете неговиот поглед.

Погледнете ги и овие совети за говор на телото со кои ќе го привлечете сечие внимание.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар