Стилизирајте го вашиот костим за капење на 6 различни начини - Part 2

Стилизирајте го вашиот костим за капење на 6 различни начини

4. Бикини со спуштени ракави

Бидејќи спуштените ракави се еден од најголемите модни трендови за оваа сезона, па во мода се таквите маици, блузи и кошули, можете слободно да изберете и таков модел на бикини, односно каде што горниот дел изгледа како краток топ кој можете да го комбинирате со некои здолништа или панталони.

8-stilizirajte-go-vashiot-kostim-za-kapenje-na-6-razlichni-nachini-www.kafepauza.mk_7-stilizirajte-go-vashiot-kostim-za-kapenje-na-6-razlichni-nachini-www.kafepauza.mk_

5. Мешајте

Секогаш можете да добиете добар и занимлив изглед со комбинирање, па тоа важи и за костимите за капење. Не мора да ги носите во комплет, туку слободно комбинирајте ги, измешајте ги горните и долни делови, измешајте ги дезените, па со сигурност ќе бидете забележани и ќе привлечете внимание.

9-stilizirajte-go-vashiot-kostim-za-kapenje-na-6-razlichni-nachini-www.kafepauza.mk_10-stilizirajte-go-vashiot-kostim-za-kapenje-na-6-razlichni-nachini-www.kafepauza.mk_

6. Носете го како дел од модната комбинација

Искористете го горниот дел од бикинито или едноделниот костим за капење како дел од вашите модни комбинации за ноќни излегувања или забави покрај базен, плажа и слично, но кои бараат малку поелегантен и посвечен изглед. Но, и тогаш не знаете кога ќе добиете желба да скокнете во водата, па на овој начин ќе бидете подготвени на сѐ.

11-stilizirajte-go-vashiot-kostim-za-kapenje-na-6-razlichni-nachini-www.kafepauza.mk_12-stilizirajte-go-vashiot-kostim-za-kapenje-na-6-razlichni-nachini-www.kafepauza.mk_

Доколку сѐ уште го немате избрано совршениот костим за капење, еве како да изберете идеален костим за капење според обликот на телото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар