Спакувајте се како модна блогерка за овој летен одмор - Part 2

Спакувајте се како модна блогерка за овој летен одмор

6. Кроп топ

Исто правило како и за блузата на едно рамо, важи и за сечените топ блузи, кои даваат совршен изглед кога се комбинираат со фармерки, здолништа со висок струк, и сите останати дневни или вечерни летни варијанти.

7-kako-za-letniot-odmor-da-se-spakuvate-kako-modna-blogerka-www.kafepauza.mk_

7. Шешир

Не само што ќе ве заштити од сонцето, туку и ќе ви даде одличен изглед. Шеширот е супер детаљ кој ќе го користите и за фотографирање, не само на главата, туку и на некои други фотографии, а модните блогерки честопати го прават тоа.

8-kako-za-letniot-odmor-da-se-spakuvate-kako-modna-blogerka-www.kafepauza.mk_

8. Бели фармерки

Можеби не сакате да понесете никакви панталони со себе, туку само фустани и лесни парчиња облека, но можеби ќе ви притребаат бели фармерки кои ќе ги комбинирате со блузите на едно рамо и кроп топот, за да ја истакнете вашата фигура, тен, а на сето тоа, одлично ќе изгледаат и на фотографиите.

9-kako-za-letniot-odmor-da-se-spakuvate-kako-modna-blogerka-www.kafepauza.mk_

9. Мал, црн фустан

Уште едно парче облека кое ќе ви треба за вечерните излегувања. Ако се прашувате зошто токму тој, одговорот е едноставен. Можете да го носите повеќепати и само со промените на деталите секогаш ќе изгледате поразлично, а атрактивно и убаво. Учите од модните блогерки, а тие секогаш го прават тоа, зарем не?

10-kako-za-letniot-odmor-da-se-spakuvate-kako-modna-blogerka-www.kafepauza.mk_

10. Книги

Можеби во некој момент ќе ви биде досадно, па ќе ви притреба активност со која ќе се занимавате самите и ќе посакате така да уживате на плажа. Тогаш можете да земете некоја книга од вашата чанта и да читате, а на тој начин квалитетно да го поминете времето. Исто така, обидете се кориците овој пат да бидат убави, бидејќи може да ви послужат за создавање на некои убави фотографии со кои ќе соберете доста лајкови.

11-kako-za-letniot-odmor-da-se-spakuvate-kako-modna-blogerka-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар