Совети за овековечување на вашата бременост со фотографии - Part 2

Совети за овековечување на вашата бременост со фотографии

Излезете надвор

12 фотографии од бременост кои ја истакнуваат женската убавина

Посетете го вашето омилено место на отворено и дозволете ѝ на природата да ве надополни со нејзината убавина. Уште подобро е ако изберете зајдисонце.

Изберете бебешки чевли

12 фотографии од бременост кои ја истакнуваат женската убавина

Можеби ќе ви звучи клише, но фотографијата каде што има и мали бебешки чевли, зрачи со многу топлина и љубов.

Фотографирајте од дното

12 фотографии од бременост кои ја истакнуваат женската убавина

Наместо да фотографирате од точка на вашата висина, уште подобра идеја е да се фотографирате од долна перспектива, а најдобро е тоа да го направите во природа.

Играјте си со боите и филтрите

12 фотографии од бременост кои ја истакнуваат женската убавина

Додајте некои филтри или пак направете црно-бела фотографија, при што ќе бидете во можност да покриете и некои свои недостатоци.

Држете некој натпис со кој ќе ја искажете вашата состојба

12 фотографии од бременост кои ја истакнуваат женската убавина

Бидете малку покреативни и земете некој натпис со кој ќе искажете како се чувствувате. Невообичаено, а сепак интересно.

Бидете спонтани

12 фотографии од бременост кои ја истакнуваат женската убавина

Не мора секогаш совршено да позирате за да направите одредена фотографија. Прекрасен спомен се и спонтаните фотографии каде што има одредено дејство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар