Сосема обични и здодевни, но многу ефикасни правила за успешна љубовна врска
Задоволните парови ќе ви ги кажат истите здодевни нешта за разбирањето, толеранцијата и почитувањето. Велиме здодевни, бидејќи тие постојано ги повторуваат дури и покрај тоа што останатите не ги слушаат. Ако сметате дека здравата и добра врска е обична, тогаш го имате и одговорот зошто ја немате. И можеби сте во право. Возбудливите врски кинат живци, ја вознемируваат околината, прават хаос околу себе и минуваат како торнадо низ вашиот живот. Но, колку време може да се живее на овој начин? Токму затоа и почнувате да посакувате мирна, топла и стабилна врска во која ќе се чувствувате сигурно. Па, како можете да го постигнете тоа?
Треба да уживате во вашето присуство
Бидејќи врската на среќните парови е повеќе од растурање чаршафи, тие едноставно знаат како да уживаат во своето присуство. Дури и во оние моменти кога околу нив нема ништо друго освен тишината. Вие треба внимателно ја чувате вашата врска и постојано да ја ставате на прво место, па токму затоа е клучно да издвоите доволно слободно време за вас. Ако не сте си најважни едни на други, врската нема да може долго да трае.
Треба да се карате без навреди
Потребна е извесна вештина и пракса за да не користите „ниски удари“ за време на караниците и да го почитувате вашиот партнер дури и кога сте премногу лути. Среќните парови и во најлошите моменти едноставно не забораваат дека пред себе имаат личност која вистински ја љубат и почитуваат, и дека не би сакале да ја изгубат. Ова се најголемите причини зошто тие го почитуваат мислењето и на другата страна и внимателно слушаат кога има проблем.
Треба да барате, но и да нудите опростување
Паровите кои се дел од здрава љубовна врска немаат илузија дека се совршени. Тие исто така се и толку отворени и искрени едни со други, што едноставно стануваат ранливи пред својата љубов. Токму затоа и кога ќе направат грешка, се извинуваат и бараат опростување или ако партнерот бил повреден, искрено ја нудат својата прошка. Вие не треба да се одмаздувате, да манипулирате или пак, да ја прекинете комуникацијата туку едноставно да разговарате за нештата кои ви пречат.
Не треба да раскинете затоа што моментално ви е неподносливо
Како би можеле да одржите долготраен љубовен однос доколку бегате во истиот момент кога ќе се појави првата пречка? Вие не треба да ги изедначувате проблемите во врската со нејзиниот крај, поточно не треба да ја користите можноста за раскинување како решение на тоа што во моментов ви се случува. Најпрво треба да се смирите, па искрено да разговарате и дури откако добро ќе ја анализирате ситуацијата да одлучите дали крајот е единственото решение за вас.
Треба да учите и растете заедно
Среќните парови не се движат во спротивни правци, туку патуваат паралелно, еден покрај друг, додека истовремено се фокусираат и на својот живот. Вие треба да бидете поврзани, испреплетени, споени и заедно да поминувате низ животните искуства. Менувајте се, постигнувајте успеси и созревајте, но правете го тоа заедно. Ако еден од вас пронајде нов пат, спротивен од другиот, врската со тек на време толку ќе се растегне што едноставно ќе пукне.