Смрзнати киви на стапче, обложени со чоколадо
Имате желба за сладолед, но премногу ви е топло да отидете до продавница и да купите? Не грижете се, за само неколку минути можете да си направите 100% овошен сладолед кој ќе ви помогне во борбата со топлината во летните денови.Потребни состојки:
- киви
- стопено чоколадо (240 мл)
- кокосово масло (120 мл)
- дрвени стапчиња
Начин на подготовка: Излупете ги кивите, исецкајте ги на парчиња со дебелина од по 3 сантиметри, ставете им стапче и замрзнете ги.Измешајте ги чоколадото и кокосовото масло во еден сад додека се многу топли и оставете ги да се оладат до собна температура.Извадете ги кивите од замрзнувач и потопете ги во чоколадната смеса. Таа веднаш ќе стане „крцкава“ облога врз кивите. Послужете ги веднаш или вратете ги во замрзнувачот за да не се стопи чоколадниот дел…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.